fbpx

Собранието денеска паузира, откако вчера го разреши Зврлевски

-

Пратениците во Собранието на Република Македонија денеска ќе одмораат, откако вчера помина гласањето за разрешување на, сега веќе, поранешниот државен јавен обвинител, Марко Зврлевски.

Според келендарот на интернет-страницата на Собранието, „за денеска нема закажано пленарни седници и седници на работни тела“.

Вчера на дневен ред беа преостанатите точки од петтата, шестата и осмата седница, но, пратениците одработија само околу половина час, во кој со 64 гласа „за“, и без присуство на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во пленарната сала, го разрешија Зврлевски.

Расправата по останатите точки од дневниот ред на трите седници, претседателот на Собранието ги одложи, поради немање на услови за расправа, а нивното продолжение, рече, ќе го закаже дополнително.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...