Гашпаровиќ, носител на Светската награда за хуманизам за 2016 година

-

Вечерва, кај местото Долна Порта, на влезот во старото градско јадро на Охрид од јужната страна, ќе биде промовиран проектот „Охрид, град на светскиот хуманизам“ од академик Светлин Русев, од Република Бугарија.

Русев е  еден од досегашните добитници на ова високо светско признание – Светската награда за хуманизам, која, пак, за 2016 година му припадна и ќе му биде врачена на истакнатиот хрватски славист, дописен член на Хрватската акдемија на науки и уметности, книжевен теоретичар и театролог, со меѓународно реноме и светски познат екуменист, Дарко Гашпаровиќ.

Одлуката ја донесе седумчлено интернационално жири, чиј претседател е ректорот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Јордан Плевнеш.

Досегашни добитници на  оваа награда на светската хуманистичка мисла се Даисаку Икеда, Маноел де Oливеира, Александар Солженицин, Рави Шанкар, Питер Брук, Вида Огњеновиќ, нобеловката Херта Милер, Светлин Русев и Џон Ралстон Сол.

– Задоволство е уште поголемо бидејќи следната година Македонија, целокупниот словенски свет, како и сета меѓународна јавност, ќе ја одбележат 1.100-годишнината од смртта на свети Климент Охридски, основачот на првиот словенски универзитет и ученик на светите Кирил и Методи, кои беа прогласени за заштитиници на Европа – вели годинешниот славодобитник Гашпаровиќ.

 

 

Петти мировник на ОН е ранет во јужен Либан, САД и Европа ги осудија нападите на Израел врз мировниците

Петти мировник на ОН е ранет во јужен Либан откако бил погоден од огнено оружје, соопштија привремените сили на ОН во Либан (Унифил). Во соопштение, Унифил вели дека мировникот во...