Информативниот систем на француската новинска агенција Франс прес (АФП) бил цел на напад кој зафатил дел од системот за дистрибуција на вести до клиентите, соопштија светските медиуми.
„Мобилизирани се технички тимови на АФП со поддршка и експертиза на Националната агенција за безбедност на информациските системи (ANSSI)“, се вели во соопштението на агенцијата.
„Редакцијата и сите служби на АФП продолжуваат да известуваат за настаните ширум светот“, се додава во соопштението.
Нападот беше откриен вчера, а поправката треба да биде направена денес.
Контактирани се надлежните органи на Франција, соопшти АФП, истакнувајќи дека сè уште не се познати сторителите на нападот и нивните мотиви.