fbpx

ЗНМ: Груевски, Јанкулоска и Мијалков да поднесат оставки

„Бараме премиерот Никола Груевски, министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и директорот на Управата за безбедност  и контраразузнавање, Сашо Мијалков, да си поднесат оставки. Без оглед кој го нарачал прислушувањето, никој од надлежните не успеал да нè заштити“, реагираше Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Реакцијата на...

Заев: Спрегата УБК – медиуми била директна

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска ја објави четвртата „бомба“, аудиоснимки од прислушувани разговори. Според него, овие разговори ја покажуваат директната спрега помеѓу УБК и медиуми. Заев рече дека биле прислушувани повеќе од 100 новинари и од провладините и од критичките медиуми, а особено биле следени новинари кои...

Грците во САД бараат Кери да ја блокира Македонија во НАТО

Грчката Панмакедонска асоцијација во САД испрати писмо до американскиот државен секретар Џон Кери, во кое се повикува да не се залага за влез на Република Македонија во НАТО, јавува „Грик репортер“. „Земјите кои имаат аспирации да влезат во НАТО, мора да ги исполнат сите услови...

МОН попушти пред студентите: Ќе има нов закон без државен испит

Нов закон за високо образование, без државен испит, договорија „Студентски пленум“ со преставници од Министерството за образование и од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ на денешната двочасовна средба, потврди за новинската агенција „Мета“, Стефан Видиков, претставник на студентите. - Задоволни сме од средбата. Од наредната недела...

Маја Парнаџиева-Змејкова си поднесе оставка: не сум ладен бирократ

Маја Парнаџиева-Змејкова, директорка на Фондот за здравствено осигурување, денеска си поднесе оставка од функцијата. Таа оставката ја образложи дека е од човечки причини. - Човек сум што сум воспитан да помогам на другите, а не сум ладен бирократ. Денеска објавувам дека од човечки причини решив да...

Денеска напладне протестен марш за Тамара

Денеска, во 12 часот, пред Фондот за здравствено осигурување ќе почне голем протестен марш насловен „Црвен картон за министерот за здравство, Никола Тодоров“. Крајна цел на маршот ќе биде Министерството за здравство, каде што сите присутни ќе побараат оставки од Тодоров и од дриректорите на...

Списокот грчки реформи е познат, утре ќе стигне во Брисел

Грчката влада најави дека наместо денеска, утре изутрина ќе го испрати списокот со реформи до европските министри за финансии од Еврогрупата, а во текот на денот ќе има видеоконференција со нив за да се разгледаат детаљно предложените мерки. Извори од владинот кабинет кусо информираа за клучните...

Утре протестен марш за Тамара

Утре, точно напладне, пред Фондот за здравствено осигурување ќе почне голем протестен марш насловен „Црвен картон за министерот за здравство, Никола Тодоров“. Крајна цел на маршот ќе биде Министерството за здравство, каде што сите присутни ќе побараат оставки од Тодоров и од дриректорите на Фондот...

СДСМ: Манипулациите преку „Јутјуб“ се кукавички обид за спас на власта

За СДСМ, објавените снимки од разговор меѓу Љубе Бошкоски и уште едно лице со заматен лик, на видеосервисот „Јутјуб“, се „кукавичко барање спас“ на власта на премиерот Никола Груевски и „барање алтернативни механизми за одбрана“ по објавувањето на аудиоматеријалите од опозицискиот лидер, Зоран Заев, реагира...

Третата „бомба“: Местеле сè живо и диво!

Третата „бомба“ на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, одекна најсилно и предизвика најсилни реакции. На денешната прес-конференција Заев објави снимки од прислушувани разговори на директорoт на УБК, Сашо Мијалков, на министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, на уредникот на „Сител“, Драган Павловиќ-Латас, сопственикот на...

Бес и гнев на „Твитер“ по објавувањето на третата „бомба“

Социјалната мрежа „Твитер“ денеска експлодира од емоционални статуси. Пред почетокот на прес-конефернцијата на лидерот на опозицијата, Зоран Заев, на која се објави третата „бомба“, македонската твитер-заедница почна шеговито да нагаѓа што денеска ќе биде топ-темата. Кладилнициве треба да пуштат типување шо ќе има во следната...

МОН и СОНК уште ги пеглаат разликите

Преговорите помеѓу претставниците на Министерството за образование и наука (МОН) и Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) во рамки на социјалниот дијалог на највисоко ниво, се реализираат интензивно и во позитивна насока, информираa штуро и завиено од МОН. Ова е трета средба на...

Европските новинари реагираа на изјавите на Хан за слободата на медиумите

Новинарската бранша остро реагираше на изјавите на комесарот на ЕУ за претпристапни преговори, Јоханес Хан, дадени неколку часа пред неговото заминување во Скопје, во кои тој искажува сомнеж за рангирањата и за методологијата на „Репортери без граници“ за слободата на медиуми. На прашање од новинар од...

Студентскиот и професорскиот пленум ќе одат на средбата на МОН и на УКИМ

„Студентски пленум“ ќе има свои претставници на средбата помеѓу работните групи на Министерството за образование и наука (МОН) и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, што ќе се одржи денеска во Ректоратот на УКИМ во 16 часот. Претставници на „Студентски пленум“ ќе бидат Ивана Туфегџиќ...

МНР: Нема датум за договорот за добрососедство со Бугарија

Не е прецизиран датум за потпишување на договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија, соопштија од македонското Министерство за надорешни работи, по пишувањето на бугарските медиуми дека се знае кога двете страни ќе стават параф на овој документ. Од МНР додаваат дека веројатно „станува забуна со...

Бугарија е загрижена поради политичката состојба во Македонија

Бугарија е загрижена поради недостигот на дијалог меѓу власта и опозицијата во Македонија, изјави денеска бугарскиот министер за надворешни работи, Даниел Митов. Шефот на бугарската дипломатија кон крајот на неделава ќе допатува во Скопје, каде со министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Попоски, ќе...

„Курир“ му ѕирна во аналитиката на „Плусинфо“

„Плусинфо“ денеска објави текст со наслов „Кај ци бе ти, Курир?“ во кој се вели дека четири интернет-портали, кои се критички настроени кон власта, во јануари годинава се пласираа меѓу првите 20 на листата најпосетувани интернет-медиуми, според истражувањето на „Гемиус“. Бранко Героски, раководител на проектот „Плусинфо“,...

Хан: Барам решение за доброто на вашата држава

Јоханес Хан, еврокомесарот за соседска политика и за преговори за проширување на ЕУ, се сретна со лидерот на опозицијата, Зоран Заев. По средбата немаше изјави за новинарите, Хан само кусо кажа дека не може ништо да коментира додека не се сретне и со претставници на...

Хан се сретна со Иванов: Тука сум да помогнам за излез од кризата

Претседателот Ѓорге Иванов денеска го прими Јоханес Хан, комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на ЕУ. На средбата било разговарано за интеграцискиот процес на Република Македонија во Европска Унија, за унапредувањето на добрососедските односи, како и за актуелните случувања во земјава. Претседателот Иванов истакнал...

Хан во Скопје ќе бара политичкиот дијалог да се води во Собранието

Јоханес Хан, комесарот за проширување, кој утре доаѓа во Скопје, најави дека ќе предложи еден вид посредништво на Европскиот парламент во македонската криза. - Кристално е јасно дека политичкиот дијалог мора да се води во парламентот и барам од сите политички партии дебатата да ја...

Лажна реклама за чај ги злоупотребува аналитичарот Петар Арсовки и доктор Драган Даниловски

Објавата шири морбидна лага дека починал политичкиот аналитичар Петар Арсовски, чијашто фотографија е злоупотребена. Кога ќе го отворите линкот за да ја дознаете вистината, тој ве води на страница...