fbpx

ЗНМ: Груевски, Јанкулоска и Мијалков да поднесат оставки

-

„Бараме премиерот Никола Груевски, министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и директорот на Управата за безбедност  и контраразузнавање, Сашо Мијалков, да си поднесат оставки. Без оглед кој го нарачал прислушувањето, никој од надлежните не успеал да нè заштити“, реагираше Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ).

Реакцијата на ЗНМ следува по прес-конференцијата на Зоран Заев, на која лидерот на опозицискиот СДСМ објави дека прислушувани и следени биле стотина новинари, од страна на, како што вели Заев, УБК.

– Тие се должни да спречат вакво масовно кршење на уставните права и слободи на граѓаните. Нивното заминување од функцијата ќе помогне да се расчисти целиот случај –  рече Насер Селмани, претседателот на ЗНМ .

Селмани истакна дека досега имаше сомневања дека со јавни пари власта корумпира медиуми, за што конечно се добило и потврда преку објавените аудиоснимки на телефонски разговори помеѓу функционери и уредници на телевизии.

– Прислушувањето новинари го компромитира медиумскиот систем во Македонија и го претстави како целосно корумпиран и целосно зависен од политиката. Бевме сведоци дека највлијателните медиуми не информираат, туку се средство за манипулација со граѓаните. Ваквата злоупотреба мора да престане и треба да се санкционира. Единствен излез од ваквата апсурдна состојба е воспоставување нов медиумски систем и нови контролни механизми на политичкиот систем, кој ќе гарантира независност и слобода на медиумите и ќе спречи нивна злоупотреба во иднина од политиката и од бизнисот – рече Селмани.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...