fbpx

МНР: Нема датум за договорот за добрососедство со Бугарија

-

Не е прецизиран датум за потпишување на договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија, соопштија од македонското Министерство за надорешни работи, по пишувањето на бугарските медиуми дека се знае кога двете страни ќе стават параф на овој документ.

Од МНР додаваат дека веројатно „станува забуна со датумот за средбата на работните групи на двете министерства кои работата на подготвување на договорот“.

Како што јавува бугарскиот весник „24 часа“, пак, министерот за надворешни работи на Бугарија, Даниел Митов, за време на посетата на Скопје, со шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, ќе разговараат за подготовките за потпишувањето на договорот за добрососедски односи, како и за други билатерални односи.

„Веќе е одреден и датумот кога тимовите на министерствата за надворешни работи на двете земји ќе ја потпишат спогодбата за добрососедски односи меѓу Бугарија и Македонија“, пишува бугарската „Телевизија Европа“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...