fbpx

Заев: Спрегата УБК – медиуми била директна

-

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска ја објави четвртата „бомба“, аудиоснимки од прислушувани разговори.

Според него, овие разговори ја покажуваат директната спрега помеѓу УБК и медиуми.

Заев рече дека биле прислушувани повеќе од 100 новинари и од провладините и од критичките медиуми, а особено биле следени новинари кои ги следеле настаните поврзани со случувањата на 24 декември 2012 година.

На првата аудиоснимка што денеска ја објави Заев се слуша разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Мартин Протуѓер, односно како тие се договараат за одреден прилог на телевизија.

Тие договораат кој новинар од телевизија „Сител“ би бил подобен да го проследи конкретниот настан, а изборот паѓа на Славица Арсовска – Цаци, која, според Јанкулоска „си работи и се разбира од МВР“.

Втората аудиоснимка што ја објави Заев е разговор помеѓу министерката за култура, Елизабета Канческа-Милеска, со уредникот на информативната програма на „Сител“, Драган Павловиќ-Латас.

Латас ѝ сугерира на Канческа-Милевска да не претерува затоа што од премиерот има многу порачки.

Третиот разговор што го објави Заев, според него, е помеѓу Јанкулоска и портпаролот на МВР, Иво Котески, а на аудиоснимката се слуша како тие се договараат за некој прилог на МТВ.

– Нема да прави, ако прави ќе лета од работа – вели во разговорот Јанкулоска.

Лидерот на СДСМ, Заев, објави аудиоснимка од разговор помеѓу Латас и директорот на УБК, Сашо Мијалков, во кој тие зборуваат за сопственикот на „А1“, Велија Рамковски.

– Јас ви го средувам Велија на мој начин, вие така правите. Со два милиони евра поддршка, и јас би направил телевизија – се слуша на снимката.

Следната аудиоснимка што ја објави Заев на денешната прес-конференција беше, според него, разговор меѓу директорот на МПМ, Срѓан Керим, со министерката за внатрешни работи, Јанкулоска, а се однесува на „средување на весниците под негова контрола“.

Последниот разговор е помеѓу премиерот Никола Груевски и министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, за долг во врска со документарни емисии.

Заев рече дека биле следени 100 новинари, чии снимени материјали ќе им бидат дадени лично. Тој рече дека снимените материјали биле со назнака „УБК“. Заев покажа и материјали од УБК со анализа на активностите на новинари кои критички ги следеле настаните од 24 декемри 2012 година.

– Предметот на Никола Младенов бил воден како посебен случај. Ова досие му припаѓа на семејството на Младенов и ќе им биде предаден на начин на кој тие ќе посакаат – истакна Заев.

На крајот од прес-конференцијата, Заев одговори на повеќе новинарски прашања:

Како да знаме дека материјалите доставени до новинарите се единствените копии, дека немате други копии?

– Има кај Сашо Мијалков. Ако го гледате црвенилото во моите очи, тоа е од работење до наутро. Тоа е заради вниманието на сериозоста, заради ненавлегувањето во личните работи на овие разговори. Јас сум еден од оние што добиле доказ за забеганоста на власта, што го правела сиве овие години. Искрено се надевам дека нема да излезе она што е недозволиво за новинарите, за мене, за кој било од власта или кој било граѓанин.

Дали има налог за прислушување на новинарите или тоа е правено без налог?

– Правено е без налог. Огромен број од овие 100 новинари се следени со години, повеќе од две години, три или четири години, како што е случајот со Никола Младенов и со неколку други новинари. Не постои можност ниту суд ниту друг претставник на правосудните институции да даде решение. Дури и да сака, законот тоа не го дозволува.

Додека држите прес-конференција и ги објавувате „бомбите“, а група интелектуалци низ Македонија држи трибини за одбрана на Македонија. Како ја коментирате оваа организарана група која се среќава најчесто со членови блиски до ВМРО-ДМПНЕ?

– Најверојато сакаме да претставиме дека сме демократска земја и дај боже да бидеме таква земја, како што заслужува нашиот народ. Како што одминува времето, овие луѓе ќе претсанат да одат затоа што досега ова што го објавуваме е подготовка на нашиот народ на нозе да го дочека тоа што следува. А знам дека овие луѓе еден ден ќе се срамат од своите деца.

Дали имате докази и снимки во врска со смртта на Младенов, на денот на смртта и потоа?

– Сè што имаме од докази ќе објавиме. Тоа го ветивме пред граѓаните и сè што имаме како доказ за некој случај, ние ќе го објавиме.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Претставничкиот дом на САД ќе гласа за голема помош за Украина, Израел и Тајван

По неколку месеци одложување, Претставничкиот дом на САД е подготвен да гласа за американска воена помош од десетици милијарди долари за Украина и Израел овој викенд. Предлогот предвидува 60,8...