fbpx

Заев: Никола Младенов бил најследениот новинар

-

Лидерот на СДСМ, Заев, објави аудиоснимка од разговор помеѓу Латас и директорот на УБК, Сашо Мијалков, во кој тие зборуваат за сопственикот на „А1“, Велија Рамковски.

– Јас ви го средувам Велија на мој начин, вие така правите. Со два милиони евра поддршка и јас би направил телевизија – се слуша на снимката.

Следниот разговор беше помеѓу директорот на МПМ, Срѓан Керим, со министерката за внатрешни работи, Јанкулоска, а се однесува на „средување на весниците под негова контрола“.

Последниот разговор е помеѓу премиерот Никола Груевски и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, за долг во врска со документарни емисии.

Заев рече дека биле следени 100 новинари чии снимени материјали ќе им бидат дадени лично. Тој рече дека снимените материјали биле со назнака „УБК“. Заев покажа и материјали од УБК со анализа на критичките новинари за настаните од 24 декемри.

– Предметот на Никола Младонов бил воден како посебен случај. Ова досие му припаѓа на семејството на Младенов и ќе им биде предадени на начин на кој тие ќе посакаат – истакна Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...