fbpx

Грците во САД бараат Кери да ја блокира Македонија во НАТО

-

Грчката Панмакедонска асоцијација во САД испрати писмо до американскиот државен секретар Џон Кери, во кое се повикува да не се залага за влез на Република Македонија во НАТО, јавува „Грик репортер“.

„Земјите кои имаат аспирации да влезат во НАТО, мора да ги исполнат сите услови и критериуми за членство, а Македонија не е една од тие земји“, се наведува во пiсмото на грчко-американската организација.

Во писмото, потпишано од претседателот на Панмакедонската асоцијалција, Димитрис Цаѕис, и од секретарот Томас Ригас, асоцијацијата ги наведува своите убедувања, кои се однесуваат на историјата и на идентитетот на Македонија, „експанзионистичките аспирации“ на Скопје, но и се коментира изјавата на сега веќе поранешниот амбасадор на САД во Македонија, Пол Волерс, и неодамнешното барање на конгресмените за прием на Македонија во НАТО на следниот самит.

„Позитивен исход на проблемот за името е клучен елемент за да се избегне заканата за територијалниот интегритет на Грција, но и за промовирање стабилност во поширокиот регион“, стои во писмото.

Асоцијацијата, потсетувајќи дека Грција е членка на НАТО и на ЕУ, истакнува дека земјата со своите „економски и политички предности“ претставува „лидер на стабилноста“ на Балканот.

Панмакедонската асоцијација во писмото, исто така, наведува дека „очигледно е оти проблемот е повеќе од името на северниот сосед на Грција “ и дека станува збор за „создавање држава која се темели на ултранационалистички идеи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...