fbpx

Списокот грчки реформи е познат, утре ќе стигне во Брисел

-

Грчката влада најави дека наместо денеска, утре изутрина ќе го испрати списокот со реформи до европските министри за финансии од Еврогрупата, а во текот на денот ќе има видеоконференција со нив за да се разгледаат детаљно предложените мерки.

Извори од владинот кабинет кусо информираа за клучните црти што ќе бидат вклучени во списокот, кои се главно она што се најавуваше и очекуваше во текот на денот. Според информации од извори од владиниот кабинет, списокот што ќе им биде доставен на Европската централна банка, ММФ и на Европската комисија ќе содржи реформи поврзани со:

1. Справување со хуманитарната криза во државата, односно првиот дел од „Солунската програма“ на СИРИЗА која опфаќа бесплатна струја и храна за 300.000 сиромашни семејства, бесплатна медицинска помош, бесплатно домување за маргинализирани семејства и индивидуалци, поддршка за пензионерите со ниски пензиии, бесплатен транспорт за сиромашни семејства.

2. Реформи поврзани со решавање на прироритетни економски проблеми за народот, како олеснување на плаќањето на заостанатите долгови, особено долгови поврзани со непрофитните заеми, укинување на данокот за прв личен имот, односно реформи кои се втор дел од „Солунската програма“ на партијата.

3. Ќе бидат вклучени и реформи поврзани со воспоставување праведен даночен систем.

4. Реформи за справување со даночното затајување.

5. Реформи за спречување на корупцијата.

6. Стопирање на шверцот и на нелегалната трговија, особено со бензин и со цигари.

7. Реструктуирање на државната администрација и намалување на бирократијата.

Реформите се наведени општо, како што и се најавуваше, без да има прецизни пресметки. Како што информираат извори од владиниот кабинет, за списокот кој ќе биде испратен изутрина, вечерта грчкиот министер Јанис Варуфакис ќе има видеоконференција со европските колеги за да се види кои од точките може да се прифатат, дали се потребни некакви промени и дали Грција ќе може да добие зелено светло за да добие четиримесечно продолжување на финансиската помош во висина од 172 милијарди евра.

Пред видеоконференцијата со европските партнери, владата утре, во 11 часот изутрина, има закажано итна седница на која ќе се дискутира за детали од списокот.

М.П.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од понеделник, 29 април па до 6 мај, ќе бидат на пролетен распуст. Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе...