fbpx

Британија: Русија е лицемерна за прекинот на огнот во Украина

-

Велика Британија денеска ја критикуваше Русија заради тоа што не успеала да обезбеди спроведување на примирјето на истокот од Украина, каде и понатаму трае конфликтот помеѓу украинските и проруските сили.

„На основа на исксуството од претходните 10 до 12 дена, морам да кажам дека руското ангажирање во процесот во Минск е прилично лицемерно. Тоа е ангажман на хартија, кој е веднаш прекршен на терен“, изјави британскиот шеф на дипломатијата, Филип Хамонд, во Талин, престолнината на Естонија.

Иако пред повеќе од недела дена беше постигнат договор за прекин на огнот, проруските сили минатата недела го нападнаа стратешкиот град Дебаљцево, а голем број припадници на проруските сили се групираа во близина на градот Маријупољ.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, минатата недела апелираше до Русија да ги повлече силите од Источна Украина и да престане да дава поддршка на проруските сили.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...