fbpx

Хан во Скопје ќе бара политичкиот дијалог да се води во Собранието

-

Јоханес Хан, комесарот за проширување, кој утре доаѓа во Скопје, најави дека ќе предложи еден вид посредништво на Европскиот парламент во македонската криза.

– Кристално е јасно дека политичкиот дијалог мора да се води во парламентот и барам од сите политички партии дебатата да ја водат таму. Затоа побарав од претставници на политичките партии во Европскиот парламент сличен напор како оној што успешно го направивме во Албанија, каде европските претставници Кукан и Флекенштајн успеаја да дојдат до договор кој водеше до враќање на опозицијата во парлементот. Тоа е добар пример. И бидејќи се работи за парламент, логично е тоа да го направи парламентот, а не Европската комисија. Тие се подготвени да го направат тоа и, се надевам, ќе имаат успех – рече Хан пред заминувањето за Скопје.

Хан утре ќе разговара со Владата и со претставници на опозицијата.

– Иако некои рекоа да не одам, јас го решив спротивното и сепак одлучив да одам. Важно е да разговарам со лидерите таму за да ја видам ситуацијата – вели Хан.

Пораката, како што вели тој, е кристално јасна.

– Судскиот систем, на пример, не е задача на политичарите. Тие не треба да судат, судството е тоа што суди. Политичката оцена е исто така кристално јасна. Политичкиот дијалог мора да се води во парламентот и барам од сите политички партии дебатата да ја водат таму – порачува Хан.

Хан смета, исто така, дека е потребна голема транспаретност.

– Сè што води до транспарентност и повеќе транспарентност може да креира решение. Ако добро разбрав, Венецијанската комисија работи и има извештај. Можете да кажете дека тој извештај не бил почитуван или барем не доволно почитуван, но имаме многу докази дека сите овие иницијативи во долги години креираа клима која води до промена на ситуацијата во земјата и се надеваме тоа ќе биде наскоро – рече Хан, додавјќи дека, според него, потребни се повеќе мерки, а не само една.

– Ова е еден вид сложувалка и треба да бидеме строги, амбициозни, но не и наивни и да имаме трпение. Важно е да не се заборави финалната цел, која мора да ни остане пред очи – вели Хан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...