fbpx

Третата „бомба“: Местеле сè живо и диво!

-

Третата „бомба“ на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, одекна најсилно и предизвика најсилни реакции. На денешната прес-конференција Заев објави снимки од прислушувани разговори на директорoт на УБК, Сашо Мијалков, на министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, на уредникот на „Сител“, Драган Павловиќ-Латас, сопственикот на „Канал 5“, Емил Стојменов, помошникот на Јанкулоска, Иво Котевски, и на шефот на кабинетот на Груевски, Мартин Протоѓер.

На објавените аудиозаписи, според лидерот на СДСМ, се слуша како се договара што и како да се објавува на телевизиите, како е изведено апсењето на Љубе Бошкоски, за очекувањата од изборите, за пресметка со неистомислениците – како да ги отпуштаат тие што работат во јавни институции, а не се членови на ВМРО-ДПМНЕ и за спречување активисти на опозицијата да дојдат на нивните митинзи.

Три од аудиоснимките објавени на денешната прес-конференција се разговори помеѓу Драган Павловиќ-Латас и директорот на УБК, Сашо Мијалков. Во една од нив, тие зборуваат за апсењето на Љубе Бошковски, а Мијалков на Павловиќ-Латас му ја објаснува случката околу апсењето.

„Љубе мора да е понижен, не може само да е упасен“, му порачува Мијалков на Латас.

Во друг разговор, пак, Мијалков му зборува на Павловиќ-Латас за изборните резултати, а се слушаат следните негови зборови: „Мислам дека ќе изненадиме. Ќе биде боље, а тоа што ќе биде боље, ќе ти кажам утре. Не сакам да зборам пред рака, ама имам некое чувство“.

Една од аудиоснуимките што ги објави опозицискиот лидер, Зоран Заев, на денешната прес-конференција, е, според него, разговор помеѓу Сашо Мијалков и Емил Стојменов, сопственик на телевизија „Канал 5“. Заев вели дека овој разговор докажува дека Бошковски е уапсен поради одмазда.

Во дел од разговорот, Стојменов вели: „Ми кажа, но јас не верував. Од лепотанот почнавме. Ќе го носат на суд. Уште ќеф да ми направиш и тој Љупче да го уапсиш. Ептен ми е задоволство.“

Во разговорот, покај тоа, се слуша како Мијалков нарачува што и како ќе се прикажува на телевизиите. Според Заев, таа снимка, меѓу другото, покажува како се местеле информациите што треба да се пласираат во медиумите.

Со другите објавени разговори, според лидерот на опозицискиот СДСМ, се покажува дека Сашо Мијалков и Гордана Јанкулоска менаџираат сè во државата. Една од објавените аудиоснимки, според Заев, е разговор помеѓу Мартин Протоѓер, шефот на кабинетот на премиерот Никола Груевски, и министерката за внатрешни работи за тоа како да се организираат вестите на „Канал 5“.

Во дел од аудиозаписот, Јанкулоска вели: „Треба еден список, да ги сотреме. Не може некој што душа ни вадел во кампањава да му даваме плата. Тој што му бил обезбедување, нема веќе да работи во МВР“.

Лидерот на СДСМ објави и аудиоснимка од разговор меѓу портпаролот на МВР, Иво Котески, и министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

На крајот Заев одговори на десетина новинарски прашања.

 

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...