fbpx

Котевски: „Овие морониве од „A1“ ме прашуваа за убиено дете на плоштад. Идиоти!“

-

Портпаролот на МВР, Иво Котевски, во телефонскиот разговор кој денеска го пушти Зоран Заев, на министерката Гордана Јанкулоска ѝ вели дека новинари го прашувале за убиството на Мартин Нешкоски.

„Овие морониве од „A1“ ме прашуваа за убиено дете на плоштад. Идиоти!“, вели Котевски.
„Ок, ајде да гледам „А1“, ајде чао“, одговара Јанкулоска.

Бидејќи овој телефонски разговор помеѓу Котевски и Јанкулоска е направен еден ден по изборите во 2011 година, убиеното дете на плоштад за кое зборува Котевски, е, најверојатно, Мартин Нешкоски.

Нешковски беше 22-годишно момче брутално претепано до смрт од припадник на специјалните полициски сили „Тигри“, Игор Спасов, за време на одржување на прославата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ на плоштад „Македонија“ во 2011 година.

Голем број револтирани граѓани по убиството одржаа неколку протести против полициската бруталност и бараа одговорност за убиството на Нешкоски од институциите и оставка на министерката Гордана Јанкулоска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

САД изрече стотици нови санкции насочени кон Русија

Американското министерство за финансии вчера изрече стотици нови санкции насочени кон Русија поради војната во Украина, како и санкции за компании и поединци во  земји како Кина, Белгија и...