сабота, 9 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: МартинНешковски | 28 резултати

Меѓу приведените за протестите има и студенти од Прилеп

мај 11, 2015

Неколку прилепчани се помеѓу приведените деветмина студенти на кои вчера им беше изречена мерка притвор, за протестите што се одржаа минатата недела во Скопје. Уапсените девет студенти се товарат за учество во толпа и за спречување полициски службеник во работата. Студентите, меѓу кои има и студенти од Прилеп, вчера биле изнесени пред истражен судија и издадена им била […]

Стотина граѓани протестираат против полициската бруталност пред Владата и Мисијата на ЕУ

мај 9, 2015

Стотина граѓани се собраа на протест против полициската бруталност пред Владата. Полицискиот кордон, составен од обични полицајци, а не специјалци, не ги пушта да поминат кон зградата на Владата. Насобраните велат дека се таму за да го изразат револтот од неразјаснетото убиство на Мартин Нешковски. Од Владата тие се упатија кон Мисијата на Европската унија. […]

Протестите почнаа, полицијата и денеска го блокираше приодот до Владата

мај 8, 2015

Неколку стотини граѓани и денеска, четврти пат, се собраа пред Владата на Република Македонија да го искажат својот револт од полициската бруталност и од криењето на убиството на Мартин Нешковски. Полицијата повторно го попречи патот до Владата и ја блокираше крстосницата помеѓу булеварите Климент Охридски и Илинден.. Протестите засега се мирни, со скандирања „Убијци“, „Доста беше […]

Демонстрантите од Обвинителството се префрлија пред Собранието

мај 7, 2015

Над илјада демонстранти се собраа пред Собранието на Република Македонија, откако не успеаја да дојдат до Јавното обвинителство. Демонстрациите се одвиваат мирно, само со скандирање и засега не се регистрирани провокатори во групата. Забележливо е зголемено полициско обезбедување. Демонстрантите протестираат мирно и скандираат „Доле влада“, „Слобода“ и слично. Протестот започна пред Владата на Владата на […]

Полицијата не дозволи демонстрантите да стигнат до Јавното обвинителство

мај 7, 2015

Неколку стотини граѓани и денеска се собраа пред Владата на Република Македонија за да протестираат против прикривањето на убиството на Мартин Нешковски. Полицијата, како и вчера, го блокираше приодот кон Владата и не им дозволува на демонстрантите да пристапат до неа. Забележливо е зголемено полициско обезбедување. Еден од демонстрантите прочита писмо пред полицијата со кое ги повика […]

По вчерашните протести, приведени се четири лица

мај 7, 2015

По вчерашните протести приведени се четири лица против кои МВР поднесе прекршочни пријави, изјави денеска Иво Котевски, помошник-министер за односи со јавноста на МВР, на одбележувањето на Денот на полицијата. Котевски рече и дека идентификувани се уште девет учесници на протестот кои предизвикувале насилство, но сè уште се работи на квалификација на нивните дела во соработка […]

Урко: Lupus in Magnus est

мај 7, 2015

Во неколку разговори што ги објави опозицијата, граѓаните имаа можност да го слушнат името на Дејан Митревски-Урко, поранешната верна сенка на премиерот Никола Груевски. Од прислушуваните разговори, се добива впечаток дека Митревски уште вечерта знаел и два дена го криел убиството на младиот Мартин Нешковски на прославата по победата на ВМРО-ДПМНЕ, на парламентарните избори во 2011 […]

Протестот пред Собранието заврши мирно

мај 6, 2015

Иако имаше неколку обиди за провокации од петнаесетина демонстранти, протестот за правда за Мартин Нешковски кој, наместо пред Владата, се одржа пред Собранието, заврши мирно. На последниот обид на дел од демонстрантите да иницираат насилство, се спротиствија група активистки кои застанаа меѓу нив и полицијата. Пред Собранието останаа уште десетина демонстранти кои седат на тревата […]

Кривични пријави против четворица учесници во вчерашните протести

мај 6, 2015

Полицијата подготвила кривични пријави против четворица скопјани, на возраст од 26 до 40 години, во врска со вчерашните протести за Мартин Нешковски што се одржаа пред зградата на Владата, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). „Четворицата се товарат дека сториле кривично дело учество во толпа што ќе спречи службено лице во извршување службени дејства“, стои во […]

И полицијата и демонстрантите се подготвуваат за денешниот протест

мај 6, 2015

По вчерашниот протест пред Владата, во кој имаше повредено и демонстранти и полицајци, денеска двете страни засилено се подготвуваат за вториот протест, кој треба да почне во 18 часот. На социјалната мрежа „Фејсбук“, демонстратите даваат насоки како граѓаните да се однесуваат при насилни протести, а полицијата се мобилизира. Кордони и полициски возила можат да се […]

Груевски за протестите: Полицијата реагираше професионално

мај 6, 2015

„Целата теза на Заев со која сака да распламти незадоволство меѓу граѓаните е дека властите, МВР, јас лично и другите, сме сакале да го скриеме убиството, сме сакале да не се дознае за убиството, затоа што станува збор за човек кој убил, а бил припадник на МВР. Веднаш штом МВР открило за што станува збор, […]

Хелсиншки комитет: Врз граѓаните беше употребена прекумерна сила

мај 6, 2015

Хелсиншкиот комитет за човекови права реагира за употреба на несразмерна и прекумерна сила на вчерашниот протест пред Владата. Од комитетот велат дека полициските службеници не ја ограничија употребата на сила само на тие граѓани што беа агресивни кон нив, туку неселективно ги удираа и газеа сите граѓани. – При приведувањето, полицијата повторно примени неселективна, прекумерна и […]

На протестот се приведeни 30 демонстранти, а повредени се 38 полицајци

мај 6, 2015

Во вчерашниот протест пред Владата приведени се 30 лица, а повредени се 38 припадници на полицијата, од кои шест се задржани на понатамошно лекување, рече на денешната прес-конференција министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Како што вели Јанкулоска, едно од приведените лица било однесено на токсикологија, а потоа било притворено. Јанкулоска рече дека досега се […]

Денеска протести за Мартин Нешковски во повеќе градови

мај 6, 2015

За денеска во 18 часот, во повеќе градови низ Македонија се најавени протести со барање одговорност за прикривањето на убиството на Мартин Нешковски. Во групата на „Феjсбук“ насловена „Стоп за полициска бруталност“ пишува: „Денот беше долг, исполнет со гнев и со правда. Полицијата тепаше, бркаше и го апсеше својот народ, испрати водени топови и пендреци. […]

Заев: Полицаецу со тебе се гордее цела Македонија

мај 5, 2015

„Драг полицаецу, во оваа наша земја, огромен е бројот на луѓето во кои живее по еден човек. Само малкумина од врхушката на власта го имаат убиено човекот во себе. Ти си тој од кој денеска излезе на виделина најголемиот човек со големо „Ч“, човек со големо срце и душа, чесен човек со сите човечки особености […]

Полицијата ги лови демонстрантите и „парадира“ по Партизанска

мај 5, 2015

Полицијата ги растури демонстрантите пред Владата, кои претходно тргнаа кон булеварот Партизански одреди, каде во моментов се движат само полицајците, а граѓани од страна подбивно ракоплескаат и им довикуваат „Убијци“ и „Срамота“. Групата демонстранти која се движеше по булеварот и по помалите улички, сега се растури, а полицијата ги повлече водените топови, но затоа донесе полициски кучиња. […]

Протестите пред Владата траат, демонстрантите порачуваат дека нема да си одат

мај 5, 2015

Веќе неколку часа голема група граѓани револтирани од прикривањето на убиството на Мартин Нешковски протестираат пред Владата извикувајќи „убијци“, „доста беше молк“, „кого браните“, „не сме човечиња“, „излези Никола“, „нема Сашо – има мир“,„оставка“ и „ќе одговарате“. Како што јавува репортерот на „Мета“, дошло и до кошкање со полицијата кога демонстрантите почнале да удираат по […]

„Не си одиме“, порачаа демонстрантите пред Владата

мај 5, 2015

Веќе неколку часа, голема група граѓани, револтирани од прикривањето на убиството на Мартин Нешковски, протестираат пред Владата извикувајќи „убијци“, „доста беше молк“, „кого браните“, „не сме човечиња“, „излези Никола“, „нема Сашо – има мир“,„оставка“ и „ќе одговарате“. Во еден момент, тие го пробија полицискиот кордон и се упатија накај Владата. Во групата која се обиде […]

ВМРО-ДПМНЕ: Заев сака да го сврти вниманието на јавноста со емоционалноста на темата

мај 5, 2015

Очигледно е дека Зоран Заев и СДСМ, свесни за силата на доказите кои говорат за нивното незаконско работење и соочени со пропаста на нивното мрачно сценарио и со немањето поддршка од граѓаните, се обидуваат преку објавување незаконски стекнати, креирани, сечени и монтирани материјали, кои немаат врска со политички контекст и не индицираат никакво незаконско работење, да […]

Демонстрантите за Нешковски ги спуштија на пола копје знамињата пред Владата

мај 5, 2015

Група граѓани, извикувајќи „убијци“, „доста беше молк“, „кого браните“, „оставка“, „ќе одговарате“ и друго, протестираат пред Владата револтирани од прикривањето на убиството на Мартин Нешковски. Тие го пробија полицискиот кордон и се упатија накај Владата. Во групата која се обиде да влезе во Владата за да разговараат за снимките беа и мајката и братот на Нешковски. Како […]

Страна 1 од 2