fbpx

Груевски за протестите: Полицијата реагираше професионално

-

„Целата теза на Заев со која сака да распламти незадоволство меѓу граѓаните е дека властите, МВР, јас лично и другите, сме сакале да го скриеме убиството, сме сакале да не се дознае за убиството, затоа што станува збор за човек кој убил, а бил припадник на МВР. Веднаш штом МВР открило за што станува збор, лицето е приведено, дало исказ, било изнесено пред суд, имало судска постапка и по завршување на постапката добиена е казна од 12 години затвор“, рече денеска премиерот Никола Груевски во изјава за телевизија „Канал 5“.

– На протестите се гледаше дека има партиски членови и активисти на СДСМ, 1.500 до 2.000 луѓе, имаше и други луѓе кои се најчесто сторители на кривични дела во други настани, кои се дел од некои навивачки групи што во секоја слична пригода, каде има настан, каде има тензија, се вклучуваат и прават нереди и насилство. Полицијата реагираше мошне професионално. Тие стоеја со штитови пред себе, а луѓето ги маваа со прачки на кои има клинци за да ги повредат. Ги маваа со камења, ги маваа со различни други предмети. Тие издржаа огромна и многу тешка ситуација. Јас морам да им честитам на полицајците за мошне сталожениот начин во однос на дел од демострантите кои беа насилни. Не беа сите насилни, имаше луѓе што мирно протестираа. Но, имаше луѓе, отпрлика стотина, кои насилно демонстрираа, снимките тоа ќе го покажат, сите ќе се уверат кој фрлаше камења по полицијата, кој фрлаше со што ќе стигне. Има 38 повредени полицајци. Тоа се луѓе со свои семејства, со родители и сите се во една непријатна ситуација зашто нивните најблиски се денеска повредени и се наоѓаат во болница. Станува збор за еден обид за создавање тензија од СДСМ, тензија во која сакаат да направат обид за насилно преземање на власта. Ние треба да останеме разумни, да се реагира мирно – рече премиерот Груевски.

Тој додаде дека интервенцијата на полицијата била „многу внимателна во правец на потиснување на насилниците“.

– Дури и кога имаше интервенција од полицијата, таа интервенција беше во правец на потиснување на насилниците, на оние што цело време маваа по нив и им нанесуваа повреди. Целата нивна интервенција беше многу внимателна кога со штитови полека, полека, чекор по чекор, ги потиснаа насилниците да ги отргнат од просторот каде се изживуваа со нив и ги повредуваа – рече Груевски.

Груевски апелираше граѓаните „да не подлегнуваат на воведот што го дава Заев кога ги објавува бомбите“.

– На пример, Заев вели: „слушнете како во МВР сакале да сокријат“. А треба да каже: „слушнете како на почетокот МВР  не знаело што се случува и штом дознале, веднаш реагирале“. Тоа е мошне манипулативно – рече Груевски.

Груевски апелираше до граѓаните, мудро да ги слушаат снимките на Заев и да внимаваат на одредени шпекулации на одредени портали и медиуми кои имаат одредена партиска агенда.

– Што се однесува до нас, ние сме подготвени за разговори и за дијалог. Ќе постапуваме како што се постапува во секоја европска држава – изјави премиерот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...