Повеќе од 1.500 граѓани на протестот „Правда за Мартин, слобода за сите“

-

Извикувајќи „Убијци, убијци“, „Крвници, крвници“, „Оставка, оставка“, „Нема правда, нема мир“, повеќе од 1.500 граѓани денеска се собраа пред Владата на Република Македонија на протестот „Правда за Мартин, слобода за сите“.

На протестот, организиран од опозициската партија СДСМ, се приклучи и коалицијата „Граѓани за Македонија“, а во првите редови се мајката и братот на Мартин Нешковски, кој пред четири години беше убиен од полициски припадник за време на прославата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ.

– Целата ситуација се затаи од врвот на власта. Затоа и беа тие тужби вчера поднесени. И настанот пред четири години, како и тие пред некој ден на протестите, се последица на нефункционалноста на институциите. Ги повикуваме да ги ослободат сите кои се затворени. Тоа е народ кој се бори за да профункционираат државата и институциите. Тоа е народ кој сака слободно да живее, тоа не е народ кој излегува на улиците за да бара непријател меѓу полицајците, туку народ кој сака да биде слободен во сопствената држава – рече Александар Нешковски, братот на убиениот Мартин.

Александар Нешковски исто така ги повика институциите да покажат доблест и да почнат да си ја вршат работата и истакна дека очекува правда и правна разврска.

протест Мартин Нешковски

На насобраните демонстранти им се приклучи и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој беше дочекан со извици „Ние не сме партија, ние не сме партија“. Потоа, демонстрантите, заедно со Заев, кој не беше во првите редови, се упатија кон Министерството за внатрешни работи.  Демонстрантите, извикувајќи „Стоп за полициската бруталност“, „Да не се заборави убиството“, побараа вмешаните во притајувањето на случајот да бидат изнесени пред суд и правдината да излезе на виделина.

По завршувањето на протестот, во 20 часот, на тема „Збогум Никола“, во Кампот на слободата ќе се обратат Павле Богоевски, Ирена Ристиќ, Васко Лазаревски и Едмонд Адеми.

Кривична пријава за човекот кој мачеше куче со влечење врзано за автомобилот

ОВР Куманово до ОЈО Крива Паланка ќе поднесе кривична пријава против А.А. (23) од Крива Паланка поради сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“ по чл. 233 од КЗ. На 10.05.2025 во 23.30 часот во ОВР...

Истражувања покажуваат дека инјекциите за слабеење како „Оземпик“ може да бидат добри за менталното здравје

Инјекциите за слабеење може да бидат добри за менталното здравје на луѓето, покрај тоа што помагаат да се намали апетитот, покажува ново истражување, пренесува Гардијан. Истражување спроведено од научници од Универзитетот во...

Истрага против турски државјанин за обид за убиство во Скопје, одредена е мерка притвор

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 35-годишен турски државјанин за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска...

Уапсен е кичевчанец кој со секира ги нападнал родителите – таткото починал, мајката е во критична состојба

Лишен од слобода маж од кичевско, кој со секира ги нападнал родителите, таткото починал, мајката е во критична состојба. Денес 11.05. во 07.10 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од...

Кривична пријава за човекот кој мачеше куче со влечење врзано за автомобилот

ОВР Куманово до ОЈО Крива Паланка ќе поднесе кривична пријава против А.А. (23) од Крива Паланка поради сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“ по чл. 233 од КЗ. На 10.05.2025 во...