Полицијата не дозволи демонстрантите да стигнат до Јавното обвинителство

-

Неколку стотини граѓани и денеска се собраа пред Владата на Република Македонија за да протестираат против прикривањето на убиството на Мартин Нешковски.

Полицијата, како и вчера, го блокираше приодот кон Владата и не им дозволува на демонстрантите да пристапат до неа.

Забележливо е зголемено полициско обезбедување.

Еден од демонстрантите прочита писмо пред полицијата со кое ги повика да ги симнат панцирите и оружјето и да им се приклучат во борбата за слобода на државата. Тие ги повикаа полицајците „да не ги бранат криминалците кои се наоѓаат зад барокната фасада“.

Демонстрантите се упатија кон Јавното обвинителство, каде најавија дека ќе поднесат пријава против полицијата за нарушување на правото на слободно движење. Во меѓувреме, полицијата ги сопре кај Археолошкиот музеј на Македонија и не им дозволи на демонстрантите да стигнат до Јавното обвинителство.

Демонстрантите се во значително помал број во споредба со претходните два дена.

Пред Собранието нема ниту полиција ниту групи граѓани.

Кривична пријава за човекот кој мачеше куче со влечење врзано за автомобилот

ОВР Куманово до ОЈО Крива Паланка ќе поднесе кривична пријава против А.А. (23) од Крива Паланка поради сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“ по чл. 233 од КЗ. На 10.05.2025 во 23.30 часот во ОВР...

Истражувања покажуваат дека инјекциите за слабеење како „Оземпик“ може да бидат добри за менталното здравје

Инјекциите за слабеење може да бидат добри за менталното здравје на луѓето, покрај тоа што помагаат да се намали апетитот, покажува ново истражување, пренесува Гардијан. Истражување спроведено од научници од Универзитетот во...

Истрага против турски државјанин за обид за убиство во Скопје, одредена е мерка притвор

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 35-годишен турски државјанин за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска...

Уапсен е кичевчанец кој со секира ги нападнал родителите – таткото починал, мајката е во критична состојба

Лишен од слобода маж од кичевско, кој со секира ги нападнал родителите, таткото починал, мајката е во критична состојба. Денес 11.05. во 07.10 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од...

Кривична пријава за човекот кој мачеше куче со влечење врзано за автомобилот

ОВР Куманово до ОЈО Крива Паланка ќе поднесе кривична пријава против А.А. (23) од Крива Паланка поради сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“ по чл. 233 од КЗ. На 10.05.2025 во...