„Граѓаните за Македонија“ ќе се приклучат на протестот „Правда за Мартин“

-

Коалицијата „Граѓаните за Македонија“ го поддржува и ќе се приклучи на протестот „Правда за Мартин – Нема правда, нема мир!“, затоа што, како што стои во соопштението од коалицијата, и „по четири години од убиството на Мартин Нешковски, власта и надлежените институции упорно ја прикриваат вистината и не ја признаваат сопствената вина и одговорноста за неговата смрт“.

„Протестираме бидејќи од објавените разговори помеѓу Гордана Јанкулоска, Сашо Мијалков, Никола Груевски и други лица, јасно може да се забележи дека Игор Спасов, лицето што го уби Мартин Нешковски, всушност, бил службено ангажиран, со усна наредба, спротивно на Законот за внатрешни работи. Игнорирајќи ги законските прописи и злоупотребувајќи ги своите овластувања, Груевски, Јанкулоска и Мијалков комуницираат како да ја прикријат инволвираноста и одговорноста на МВР и претпоставените старешини на Игор Спасов во целиот случај, со што го нарушуваат текот на истрагата на убиството и предизвикуваат погрешно утврдување на фактичката состојба. Едновремено, ние, граѓаните, продолжуваме да бараме оставка од злосторничката и криминална влада на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ и ги поддржуваме сите форми на демократски и ненасилен граѓански отпор“, стои во соопштението на „Граѓаните за Македонија“.

Од коалицијата ги повикуваат сите граѓани в сабота, на 6 јуни, во 18 часот, масовно да излезат пред Владата и да порачаат дека Македонија мора да стане држава во која ќе има правда за сите и во која ќе се почитуваат и штитат основните човекови права и слободи.

Сè додека нема правда, нема ниту мир!

Кривична пријава за човекот кој мачеше куче со влечење врзано за автомобилот

ОВР Куманово до ОЈО Крива Паланка ќе поднесе кривична пријава против А.А. (23) од Крива Паланка поради сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“ по чл. 233 од КЗ. На 10.05.2025 во 23.30 часот во ОВР...

Истражувања покажуваат дека инјекциите за слабеење како „Оземпик“ може да бидат добри за менталното здравје

Инјекциите за слабеење може да бидат добри за менталното здравје на луѓето, покрај тоа што помагаат да се намали апетитот, покажува ново истражување, пренесува Гардијан. Истражување спроведено од научници од Универзитетот во...

Истрага против турски државјанин за обид за убиство во Скопје, одредена е мерка притвор

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 35-годишен турски државјанин за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска...

Уапсен е кичевчанец кој со секира ги нападнал родителите – таткото починал, мајката е во критична состојба

Лишен од слобода маж од кичевско, кој со секира ги нападнал родителите, таткото починал, мајката е во критична состојба. Денес 11.05. во 07.10 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од...

Кривична пријава за човекот кој мачеше куче со влечење врзано за автомобилот

ОВР Куманово до ОЈО Крива Паланка ќе поднесе кривична пријава против А.А. (23) од Крива Паланка поради сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“ по чл. 233 од КЗ. На 10.05.2025 во...