На протестот се приведeни 30 демонстранти, а повредени се 38 полицајци

-

Во вчерашниот протест пред Владата приведени се 30 лица, а повредени се 38 припадници на полицијата, од кои шест се задржани на понатамошно лекување, рече на денешната прес-конференција министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Како што вели Јанкулоска, едно од приведените лица било однесено на токсикологија, а потоа било притворено. Јанкулоска рече дека досега се идентификувани 12 лица и апелираше до медиумите ако имаат видеоснимки да ги предадат до МВР за полесно да се идентификуваат учесниците во, како што вели, насилните протести.

Според официјалната верзијa на МВР за вчерашните случувања, граѓаните почнале да се собираат околу 18 часот. Јанкулоска вели дека заштитната ограда први ја пробиле девојки, односно се прекачиле преку оградата, а потоа почнале масовно да им се приклучуваат и други граѓани.

Според МВР, од 18.30 до 19.30 часот, иницирани биле повеќе насилни напади кон полицијата и објектот на Владата. Демонстрантите по полицијата и по зградата удирале со шипки, јајца, шишиња и со компири.

– Причинета е голема материјална штета, запалени се контејнери, оштетени се полициски возила и опрема, а демолиран e и објектот на „Радио Слободна Македонија“. Според информациите на МВР, едно цивилно лице побарло лекарска помош во Градската болница „8 Септември“. Продолжуваме со идентификација и со пронаоѓање на учесниците. Од полицијата употребени биле само оние мерки што полицијата смее да ги употребува при приведување. Полицијата покажала максимално трпение – изјави Јанкулоска.

Прашана дали некој ќе одговара за упадот во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“, Јанкулоска рече дека полицијата освен во библиотеката, направила потрага и во други објекти, а конкретно во библиотеката е пронајдено и приведно едно лице.

– Од овој аспект сметам дека нема простор да се бара одговорност, но ако има пријава, ние ќе ја разгледаме – рече министерката.

Одговарајќи на новинарско прашање, Јанкулоска рече дека нема информација дека во протестите била повредена мајката на починатиот Нешковски.

Наставници од земјава ќе учат како да применуваат нови методи во наставата

Институтот за применети истражувања и бизнис од Скопје, ќе обучува тренери кои потоа ќе ги учат нашите наставници како да им предаваат на учениците од новите генерации, кои се веќе навикнати...

(Галерија) На Школка се одржа настанот „Гуш и бац е љубов“, децата учеа и се поврзуваа без предрасуди

„Гуш и бац е љубов“, е настан кој по шести пат вчера се одржа на Школка во Градски парк. како што велат организаторите, здружението „Аутизам ААМК“, настанот бил прослава на детската...

Изгубениот контекст на изјавите на Тони Блер

Британските, но и дел од македонските медиуми во сензационалистички манир ги претставија ставовите на некогашниот премиер на Обединетото кралство, Тони Блер, како дефинитивен пораз на поборниците за климатски промени. Но, голем дел...

ДИЦ: Освен во училишта, матурата годинава ќе се полага и на пет универзитети

Годинaшната државна матура ќе се спроведува не само во средните училишта, туку и во простории на пет државни универзитети низ земјата. Како што потврдуваат од Државниот испитен центар (ДИЦ) за Мета.мк,...

Наставници од земјава ќе учат како да применуваат нови методи во наставата

Институтот за применети истражувања и бизнис од Скопје, ќе обучува тренери кои потоа ќе ги учат нашите наставници како да им предаваат на учениците од новите генерации, кои се...