Меѓу приведените за протестите има и студенти од Прилеп

-

Неколку прилепчани се помеѓу приведените деветмина студенти на кои вчера им беше изречена мерка притвор, за протестите што се одржаа минатата недела во Скопје.

Уапсените девет студенти се товарат за учество во толпа и за спречување полициски службеник во работата. Студентите, меѓу кои има и студенти од Прилеп, вчера биле изнесени пред истражен судија и издадена им била мерка притвор.

Хелсиншкиот комитет упатува апел секој што ќе биде цел на приведување од полицијата, да се брани со молчење и веднаш да се обрати во Комитетот, кој ќе му овозможи бесплатна правна заштита.

На ова реагираа и од Движењето за социјална правда „Ленка“ од Прилеп, истакнувајќи дека нема законски основи за приведувањето на студентите и дека тоа е противуставно.

– Причините кои се наведени за изрекување на мерката притвор за приведените студенти се неосновани, дури и кривичните дела што им се ставаат на товар не се исполнети затоа што тие на мирен начин го изразиле своето незадоволство, користејќи го своето уставно загарантирано право на мирен протест – изјавија од Движењето за социјална правда „Ленка“ од Прилеп.

Оваа сабота ќе се одржи вториот маалски бувљак во Железара во дворот на „Комбо“

Вториот „Маалски бувљак“ во организација на „Јуроп хаус – Скопје“ ќе се случи на 26 април (сабота) со почеток во 12 часот во дворот на „Комбо“ – здружение за креативна одржливост...

Првата антикорупционерка Димитровска осомничена во предметот „Адитив“

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), Татјана Димитровска, попладнево е повикана и однесена во Кривичниот суд, потврдија од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Оттаму...

Француската агенција за развој на медиумите објави конкурс за креирање постер за борба против дезинформациите во Западен Балкан

Како дел од проектот „Balkan Voices 2“ и „Shared Horizons“, Француската агенција за развој на медиумите (CFI) објави конкурс за креирање на постер, кој што ќе служи како регионална иницијатива чија...

Завршен настан на ХЕРА: Родовата еднаквост е реалност не само цел

Под мотото „Ти и јас во еден глас: Родовата еднаквост – наша заедничка мисија“, денес во Скопје, се одржа завршниот настан на проектот „Заедно за родова еднаквост: Градење поддршка за родово...

Оваа сабота ќе се одржи вториот маалски бувљак во Железара во дворот на „Комбо“

Вториот „Маалски бувљак“ во организација на „Јуроп хаус – Скопје“ ќе се случи на 26 април (сабота) со почеток во 12 часот во дворот на „Комбо“ – здружение за...