Хелсиншки комитет: Врз граѓаните беше употребена прекумерна сила

-

Хелсиншкиот комитет за човекови права реагира за употреба на несразмерна и прекумерна сила на вчерашниот протест пред Владата. Од комитетот велат дека полициските службеници не ја ограничија употребата на сила само на тие граѓани што беа агресивни кон нив, туку неселективно ги удираа и газеа сите граѓани.

– При приведувањето, полицијата повторно примени неселективна, прекумерна и несразмерна сила. Приведувањето траеше и кога граѓаните повеќе не учествуваа во протестот и заминуваа кон своите домови. Ова го потврдува и фактот што во 23.30 часот, полициските службеници насилно влегоа во повеќе објекти, помеѓу кои и библиотеката „Браќа Миладиновци“ и повторно применија несразмерна и прекумерна сила кон сите млади што беа присутни во библиотеката под изговор дека дел од нив, наводно, биле учесници во протестот – реагираат од Комитетот.

Според нивните информации, во вчерашните инциденти биле приведени повеќе од 40 лица, од кои најголемиот дел сè уште се задржани во повеќе полициски станици во Скопје, а голем дел од приведените не биле дел од групата која се судираше со полицијата, а некои од нив воопшто не ни учествувале во протестот.

„Хелсиншкиот комитет најостро ја осудува прекумерната употреба на сила од полицијата и агресивното однесување на дел од учесниците на протестот. Комитетот ја повикува полицијата целосно да го почитува правото на граѓаните на јавен собир и изразување на мислење, а граѓаните да го практикуваат своето право на мирен и ненасилен начин“, пишува во соопштението на Хелсиншки комитет.

Комитетот ги повикува сите граѓани кои беа приведени во вчерашните инциденти и врз кои беше применета прекумерна полициска сила да се обратат во канцеларијата на Комитетот за да се евидентираат сите случаи и за да се обезбеди соодветна правна помош.

Врховниот суд во САД одлучува за границите меѓу извршната и судската власт

Колкава моќ треба да имаат федералните судии во САД? Ова клучно прашање сега се наоѓа пред Врховниот суд на САД (SCOTUS), во контекст на извршна наредба донесена од поранешниот претседател Доналд...

Голем дел од Македонија утрово остана без струја поради висок напон во регионалната мрежа, вели МЕПСО

Во раните утрински часови денеска дојде до краткотраен прекин во снабдувањето со електрична енергија на делови од електроенергетскиот систем на Македонија, откако настана дефект во 110 kV преносната мрежа, велат од...

Утрово почувствувани два послаби земјотреси во Охрид и Струга

Според Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава на 18 мај, во 5:07 и 5:16 часот, се регистрирани два земјотреси со епицентар во подрачјето Пештани – Охрид – Струга, на...

Израелски воздушни напади убија над 100 лица во Газа во пресрет на нова рунда мировни преговори

Најмалку 100 лица загинаа во текот на ноќта во воздушни напади извршени од страна на израелските сили врз појасот Газа, соопшти Министерството за здравство на палестинската енклава во неделата. Нападите доаѓаат...

Врховниот суд во САД одлучува за границите меѓу извршната и судската власт

Колкава моќ треба да имаат федералните судии во САД? Ова клучно прашање сега се наоѓа пред Врховниот суд на САД (SCOTUS), во контекст на извршна наредба донесена од поранешниот...