Протест пред Влада поради молкот за смртта на Мартин Нешковски

-

Мал број активисти половина час вечерва ја блокираа улицата пред објектот на Владата, на протест организиран на иницијатива на братот на починатиот Мартин Нешкоски, објави „Нова ТВ“.

Велат дека причините за протест се многу, но појдовна точка е расветлување на смртта на младиот Мартин Нешковски, враќање на институциите на државата и оставка од целокупната Влада.

– Денешниот протест е поради четири години молк, заташкување и уништување на сè што е народно. Народот веќе не може да ја издржи стегата на оваа фамилија, институциите ги зедоа под своја команда, сè е во корист на една фамилија, наместо на народот и тоа е главната каписла. Убиството на Мартин беше на плоштад пред илјадници сведоци, го заташкаа до максимум и не е само тоа, колку има што патат од истиот проблем. Вратите на институциите ги научивме сите на памет, гледаме како во сопствена држава се бориме за права кои треба да ги имаме. Не ги повикавме политичките партии зошто не планираме да нè манипулира никој – изјави Александар Нешкоски.

Нешкоски вели дека протестот се случува денеска, токму поради политичката ситуација во која се наоѓа земјата. Тој вели дека зависно од постапките на власта, собирите ќе продолжат, а за нивниот интензитет активистите дополнително ќе одлучуваат.

Нетанјаху ги обвинува лидерите на Британија, Франција и Канада дека го „охрабруваат Хамас“

Бенјамин Нетанјаху ги обвини Киер Стармер, Емануел Макрон и Марк Карни дека го „охрабруваат Хамас“, откако тие повикаа на прекин на израелската воена офанзива и укинување на ограничувањата за хуманитарна помош...

Гласен молк од партиите по укинувањето на одредбите во Изборниот законик

Иако се толкува како победа на независните здруженија и иницијативи, наспроти големите политички партии, укинувањето на спорните два члена од Изборниот законик од страна на Уставниот суд остави правна празнина за...

Потврдени два случаи на мајмунски сипаници во Македонија

Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија (ИЈЗ) сношти потврди дека се регистрирани првите два лабораториски потврдени случаи на мајмунски сипаници (Monkeypox) во земјава. Пациентите биле упатени од Клиниката за кожни...

Шок на Харвард по забраната за упис на студенти од странство

Страв и конфузија завладеа на Харвард, еден од најпрестижните универзитети во светот, откако администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп објави дека повеќе нема дозвола да запишува меѓународни студенти, објави Њујорк...

Нетанјаху ги обвинува лидерите на Британија, Франција и Канада дека го „охрабруваат Хамас“

Бенјамин Нетанјаху ги обвини Киер Стармер, Емануел Макрон и Марк Карни дека го „охрабруваат Хамас“, откако тие повикаа на прекин на израелската воена офанзива и укинување на ограничувањата за...