fbpx

Студентскиот и професорскиот пленум ќе одат на средбата на МОН и на УКИМ

-

„Студентски пленум“ ќе има свои претставници на средбата помеѓу работните групи на Министерството за образование и наука (МОН) и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, што ќе се одржи денеска во Ректоратот на УКИМ во 16 часот. Претставници на „Студентски пленум“ ќе бидат Ивана Туфегџиќ и Стефан Видиков. Освен студентите, претставници ќе има и „Професорски пленум“, меѓу кои и професорката Гордана Силјановска-Давкова.

Студентите велат дека од средбата очекуваат да биде исполнето ветувањето кое им го дала Владата за нов закон за високо образование, а не измени или дополнувања на постојниот.

– Браме комплентно нов закон за високо образование во кој нема да биде вклучен државниот испит како решение за контрола на квалитет на образованието бидејќи тоа директно се коси со принципот на автономија. Одложувањата сами по себе немаат некое големо значење доколку не се пристапи кон изработка на целосно нов закон и тоа, преку отворање дијалог, вклученост на студентите во сите процеси на креирањето на тој нов закон, кој ќе биде заснован на сеопфатни јавни дебати и на суштински анализи – вели Дарко Малиновски од „Студентски пленум“.

Студентите велат дека бараат нов закон бидејќи сегашниот, со сите измени, според нив, веќе не е применлив и не креира квалитет во образованието. Окупацијата на факултетите ќе продолжи сè додека не им биде исполнето договореното.

– Ние четири месеци протестираме и се бориме да бидат чуени нашите гласови, а законските измени на насилен начин беа донесени и дури отпосле беше почнат дијалогот со Владата. Ние не сме сигурни во подготвеноста на Владата да се држи до своите зборови или, грубо кажано, не им веруваме. Затоа преку окупација вршиме притисок да се држат до договореното – вели Малиновски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Постигнат цензусот за претседателските избори

Излезноста во вториот круг на претседателските избори до 17 часот е 42,32 отсто, изјави претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Процентот на излезност до 17 часот, како што...