fbpx

Расправата за извештаите на Јанева и на Зврлевски ќе продолжи в понеделник

Комисиската расправа на која се разгледуваше извештајот за работењето на Специјалното јавно обвинителство и на која пратениците ѝ поставуваа прашања на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, заврши, a ќе продолжи в понеделник. По паузата, пратениците од власта и од опозицијата продолжија со меѓусебните обвинувања во...

ЗНМ: Спикерот на Собранието сака да го контролира протeкот на информации

Со забраната на телевизиите да вршат директен пренос од седниците и од комисиите на Собранието, се контролира протекот на информации и тие селективно се пренесуваат до јавноста, велат од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). - Сметаме дека намерата на спикерот на Собранието е да...

Владо Ѓорчев, новинарот на „Мета“, доби награда за истражувачка сторија за корупција

Новинарот на новинската агенција „Мета“, Владо Ѓорчев, за текстот „Превозниците од „Транспортер“ не сопреа, туку тераат по старо, па и уште побрзо“, ја доби втората награда од конкурсот за најдобра новинарска истражувачка приказна на тема корупција, кој се спроведе како дел од Програмата на...

Талески се врати на работа четири дена по укинување на притворот

Четири дена од укинувањето на мерката куќен притвор, градоначалникот на Битола, Владимир Талески, осомничен од СЈО за криминал со школскиот превоз, се појави на своето работно место. По три месеци минати во куќен притвор, извори од Општината потврдуваат дека по 10 часот Талески дошол во...

„Охрид СОС“: На Плаошник се гради врз културно наследство

На Плаошник се гради врз недоиспитана културна оставина, обвинуваат од граѓанската иницијатива „Охрид СОС“, од каде повторно ја актуелизираат ситуацијата со градењето на импозантни градежни објекти на Плаошник. – Каква небулоза! Се гради така што се уништува природата и се навлегува во шуми. Се узурпира преубавиот поглед кој...

В понеделник во 17 часот, собир за поддршка на СЈО

В понеделник, во 17 часот, пред Собранието ќе се одржи собир за поддршка на Специјалното јавно обвинителтво. Во повикот на социјалните мрежи, пишува дека по летните одмори, СЈО повторно е под напад на режимските гласноговорници и има вистински линч и пропаганда против обвинителката Катица Јанева и...

Продолжува седницата на собраниската комисија за извештаите на Јанева и на Зврлевски

Денеска во 13 часот треба да продолжи седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, на која специјалната јавна обвинителка Катица Јанева треба да продолжи да одговора на прашањата на пратениците. По два дена работа, синоќа на Јанева ѝ се слоши и таа...

Груевски: Јанева работи непрофесионално, пристрасно и необјективно

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски, денеска како одговор на новинарско прашање како ја оценува работата на специјалната јавна обвинителка, рече дека не е задоволен од нејзиното работење. - Далеку од нашите очекувања во однос на професионалноста, непристрасноста и во однос на објективноста...

Јанева: Не сум оптоварена што протекуваат информации, сите се во интерес на јавноста

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, на денешната седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, на која се расправа за извештајот за работата на Специјалното јавно обвинителство, на пратеничката Светлана Јакимовска од ВМРО-ДПМНЕ ѝ ја даде иницијативата за измени во Законот за...

Кривичниот суд бара уште докази од СЈО за уништувањето на опремата за прислушување

Основен суд Скопје 1 информира дека судијата ги вратил доставените докази против Г.Г. и други лица осомничени за кривично дело фалсификување на службена исправа, поднесени од Специјално јавно обвинителство. „Во прилог на доставениот обвинителен предлог против осомничените лица, доставена е и листа на докази и...

Одложено рочиштето за „Поткуп“, Заев бил на пат

Се одложи рочиштето за случајот „Поткуп“, во кој е обвинет лидерот на опозицијата, Зоран Заев. Судењето беше закажано за денеска во 10 часот, а се одложи затоа што лидерот на СДСМ бил на службено патување во Тирана, на седница на Парламентарниот совет на Европската...

Денеска судење за случајот „Поткуп“ во кој е обвинет Заев

Градоначалникот на Струмица и лидер на СДСМ, Зоран Заев, денеска во 10 часот треба да се појави во Основниот суд Скопје 1 на рочиште за случајот „Поткуп“, во кој е обвинет за барање поткуп. На последното рочиште во судницата беше присутен струмичкиот бизнисмен Иван Николов-Сачевалиев,...

Денеска во Њујорк, средба Попоски – Коѕиас

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, денеска во Њујорк ќе има средба со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски. Средбата, која ја најавија од грчкото министерство за надворешни работи, ќе биде на маргините на Генералното собрание на Обединетите Нации. Коѕиас денеска ќе го придружува...

Утре во Њујорк, средба Попоски – Коѕиас

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, утре во Њујорк ќе има средба со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски. Средбата, која ја најавија од грчкото министерство за надворешни работи, ќе биде на маргините на Генералното собрание на Обединетите Нации. Коѕиас утре ќе го придружува...

И грчки воени претставници биле на поменот за загинатите бугарски војници на Кајмакчалан

Архимандритот Атанасиос во присуство на воени делегации од Бугарија и од Грција одржал молитва за душата на паднатите бугарски херои во битката на планинскиот врв Кајмакчалан, од септември 1916 година, јавува дописникот на „Мета“ од Софија. На поменот присуствувала бугарска делегација, предводена од началникот на...

Собранието не одговара дали Талески смеел да потпишува службени документи

Собранието на Република Македонија го одби барањето на советничката на ВМРО-НП, Габриела Илиевска, да даде толкување на член 163 од Законот за кривична постапка во врска со тоа дали градоначалникот на Битола, Владимир Талески, имал право да потпишува службени докуметни од куќен притвор. „Немате право...

Променливото време ги разбуди вурусите и ги наполни ординациите

Зголемен број пациенти со вирусно заболување чии симптоми се повраќање, дијареа, болки во стомакот, зголемена температура и главоболка, се регистрирани во здравствените ординации во последниот месец, потврдуваат неколку матични лекари за „Мета“. Тие велат дека вирусот од заболениот се шири во најблиското негово опкружување, па така има заболувања и на...

Истражната на Кежаровски и „сваровски-судијката“ ги добија обвиненијата од СЈО

Татјана Михајловска и Лидија Петровска од Кривичниот суд се двете судијки што ќе треба да ги работат обвинителните акти кои минатата недела ги поднесе СЈО. Неофицијално, судијката Михајловска ќе го работи случајот со насилството во Општината Центар („Шамарите за Жерновски“), а Петровска го доби случајот со уништувањето...

СДСМ: Ќе направиме темелна ревизија на буџетот за 2017 година на кадрите на Груевски

Опозицискиот СДСМ порачува дека буџетот за 2017 година што го одобрија кадрите на Никола Груевски во Владата, доколку биде усвоен од мнозинството во Собранието, ќе претрпи темелна ревизија и ќе биде проектиран исклучиво според потребите на граѓаните на Република Македонија. „Нагласуваме дека владата што сега...

Владата го одобри предлог-буџетот за 2017 година

Владата на вчерашната седница го одобри предлог-буџетот за 2017 година и во текот на денешниот ден тој ќе биде доставен до Собранието. Како што информираше министерот за финансии, Кирил Миноски, буџетот за 2017 година е работен врз основа на проекција за пораст на економијата од три проценти...

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...