fbpx

Владо Ѓорчев, новинарот на „Мета“, доби награда за истражувачка сторија за корупција

-

Новинарот на новинската агенција „Мета“, Владо Ѓорчев, за текстот „Превозниците од „Транспортер“ не сопреа, туку тераат по старо, па и уште побрзо“, ја доби втората награда од конкурсот за најдобра новинарска истражувачка приказна на тема корупција, кој се спроведе како дел од Програмата на УСАИД за антикорупција.

– Истражувањето беше интересно, особено за да ги најдам сите луѓе инволвирани во истрагата на Специјалното јавно обвинителство, она што се вика втора страна, а кои дотогаш ги немаше консултирано никој. За моја среќа, ги добив повеќето од нив.  Сите знаеме дека во Македонија е тешко да се направи истражувачка сторија, дури на моменти и невозможно, но јас сум упорен и не се предавам така лесно. По разговорите со инволвираните, веќе наредниот ден ми се јавуваа, условно кажано, нивните портпароли и ми се закануваа – рече Ѓорчев.

Првата награда од конкурсот му припадна на Влатко Стојановски од „Фокус“ за текстот „Владата потроши една милијарда евра на субвенции, а увозот на храна е удвоен“.

Третата награда ја доби новинарката на порталот „Нова ТВ“, Кристина Озимец, за текстот „СЈО бара имот на Талески во Хрватска“.

На конкурсот учествуваа девет истражувачки стории, а проектот беше спроведен од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и од Институтот за демократија „Социетас цивилис – Скопје“ (ИДСЦС).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...