fbpx

Собранието не одговара дали Талески смеел да потпишува службени документи

-

Собранието на Република Македонија го одби барањето на советничката на ВМРО-НП, Габриела Илиевска, да даде толкување на член 163 од Законот за кривична постапка во врска со тоа дали градоначалникот на Битола, Владимир Талески, имал право да потпишува службени докуметни од куќен притвор.

„Немате право да барате автентично толкување на закон“, ѝ одговориле од Собранието, еден ден по укинувањето на тримесечниот куќен притвор на Талески, кој од СЈО е осомничен за криминал со бесплатниот школски превоз.

„Согласно членот 175 од деловникот на Собранието на Република Македонија, барање за давање автентично толкување на закон, може да поднесе секој пратеник, Владата, Уставниот суд, Врховниот суд, Јавниот обвинител, Народниот правобранител, градоначалниците на општините и на Град Скопје и советите на општините и на градот Скопје, доколку потребата од автентично толкување настанала во врска со примена на законите во нивното работење“, стои во одговорот од Собранието на Република Македонија.

Советничката Илиевска барањето го поднесе како член на Советот на Битола и токму затоа е изненадена од одговорот на Собранието.

– Фактот што за Талески е укината мерката домашен притвор не може да го смени фактот дека цели три месеци тој спротивно на закон потпишуваше документи од дома, комуницираше со лица со кои не смееше да комуницира, со што се стави над системот и над законите во оваа држава, додека институциите се прогласуваат за ненадлежни и не се мешаат во сопствените работи – вели Илиевска.

Таа највува дека нема да застане тука и дека одговорот ќе го бара преку други институции.

– Како дел од Советот на Општина Битола, имам законско право да поднесам барање за автентично толкување на закон до Собранието на Република Македонија, но тоа се прогласи за ненадлежно. Сега целокупната документација ќе ја предадам на Народниот правобранител на негово понатамошно постапување. Се надевам дека конечно сите ние, во интерес на правната сигурност, ќе бидеме удостоени со одговор на прашањето дали Талески имаше право да ја води Општината додека беше во домашен протвор – категорична е Илиевска.

Советничката на почетокот на септември испрати барање до СЈО, до Основниот и до Апелацискиот суд во Скопје и до Собранието да дадат мислење за нејзиното прашање.

Апелациски суд се изјасни за ненадлежен, додека Основиот суд и СЈО сè уште не испратиле известување до советничката Илиевска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...