ЗНМ: Спикерот на Собранието сака да го контролира протeкот на информации

-

Со забраната на телевизиите да вршат директен пренос од седниците и од комисиите на Собранието, се контролира протекот на информации и тие селективно се пренесуваат до јавноста, велат од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ).

– Сметаме дека намерата на спикерот на Собранието е да го контролира протекот на информациите и селективно да ги пренесува до јавноста. Расправите што ѝ одговараат на власта ќе се пренесуваат во живо, а другите ќе се емитуваат во доцните вечерни часови. Собранието како претставничко тело на граѓаните треба да биде пример за транспарентност. Ако седниците на Собранието и на комисиите се јавни, тогаш нема никаква причина тие да не можат да се пренесуваат во живо. Ако може Собранискиот канал во живо да ги пренесува седниците, тогаш зошто не би можеле и другите медиуми. Правото за примање и за пренесување на информации може да се ограничи само ако со тоа за заштитуваат легитимни интереси. Нејасно е какви интереси штитеше Собранието кога одлучи да не им дозволи пренос во живо на колегите од „Нова ТВ“ – велат од ЗНМ.

Од здружението потсетуваат и на случајот на 24 декември 2012 година, кога новинарите беа насила избркани од собраниската галерија, а собранискиот канал ги исклучи камерите.

– Нема унифицирана практика во европските земји за начинот на пренесување на седниците на Собранието и на работните тела. Кај нас во ниту еден закон или деловник стриктно не се забранува стримингот од седниците на Собранието и на комисиите, а во такви ситуации, сè што не е забрането со Устав и со закон е дозволено. Власта сака да има монопол на вистина и да одлучува кои расправи од Собрание јавноста ќе може да ги следи во живо, а кои не – велат од ЗНМ.

Изминатава недела на „Нова ТВ“ и на радио „Слободна Европа“ не им беше дозволено да вршат пренос во живо од седницата на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.

За само една недела бројот на грипозни пораснал за 61,7 отсто

Во текот на петтата недела од 2025 година, во Македонија се пријавени 3.036 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, за 61,7 отсто повеќе во споредба со...

Промовирана веб-страницата на Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство

Со помош и поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство, изработи веб-страница, која ќе служи како основа за промовирање на...

Зеленски: Севернокорејските трупи се вратија на фронтот во Курск

Украинскиот претседател Володомир Зеленски, изјави дека севернокорејските трупи се вратиле на фронтот во руската област Курск, по информациите дека Москва ги повлекла своите трупи поради големи загуби, пренесува „Гардијан“. „Имаше нови напади...

Подобри игри во најава Crimson Desert, Dune Awakening и Doom: The Dark Ages

Игрите „Crimson Desert“, најновата „Dune: Awakening“, како и најавената „DOOM The Dark Ages“ се најавени за годинава. Се очекуваат да бидат масовно играни особено играта за Dune: Awakening која е носталгична...

За само една недела бројот на грипозни пораснал за 61,7 отсто

Во текот на петтата недела од 2025 година, во Македонија се пријавени 3.036 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, за 61,7 отсто повеќе во...