fbpx

Утре во Њујорк, средба Попоски – Коѕиас

-

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, утре во Њујорк ќе има средба со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски. Средбата, која ја најавија од грчкото министерство за надворешни работи, ќе биде на маргините на Генералното собрание на Обединетите Нации.

Коѕиас утре ќе го придружува грчкиот премиер, Алексис Ципрас, на средба со генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, а в петок, според најавите, ќе има средба и со специјалниот претставник на ОН во преговорите за спорот за името, Метју Нимиц.

Во Грција фокусот на средбите во ОН е ставен на бегалската криза и на решавањето на кипарското прашање.

На Генералното собрание на Обединетите нации, покрај шефот на македонската дипломатија, Попоски, присуствува и претседателот Ѓорге Иванов.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Борел и Вархеји: Изборите беа демократски спроведени

Во заедничка изјава, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европска Унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го поздравуваат...