fbpx

Одбиени барањата за азил на тројца турски војници во Грција

-

Грција го одби барањето за азил на тројца од осумте турски војници што пристигнаа во Александруполи само ден по обидот за пуч во Турција. Грчките весници „Етнос“ и „Прото тема“ јавуваат дека три од осумте барања се одбиени, а другите петмина ќе имаат нови интервјуа за азил со грчките служби следната недела.

Засега неизвесно е што ќе се случи со тројцата одбиени војници. Одбиените за азил, според грчките закони, имаат право на жалба и на доставување ново барање за азил до второстепена комисија, а потоа и до грчките судови.

Осумтемина пристигнаа во Грција на 15 јули. Слетаа со воен хеликоптер во Александруполи и веднаш побараа азил, бранејќи се дека не знаеле дека учествуваат во пуч туку само извршувале наредби за пренесување повредени кога биле нападнати од турската полиција.

Војниците одговараа и пред суд со обвиненија за нелегален влез во Грција, но беа ослободени со условна казна затвор.

Целиот случај предизвика ново затегнување во грчко-турските дипломатски односи. Грција на турското барање за екстрадиција на војниците одговори дека за случајот ќе мора да се изјаснат правните служби, купувајќи на овој начин време за да се утврди какви ќе бидат последиците за војниците доколку бидат вратени во Турција. Грчките власти се растргнати меѓу загриженоста да не се предизвика дипломатски инциденти со Турција од една страна и турската закана дека војниците може да се соочат со насилство, прекршување на човекови права и со смртна казна.

Според весникот „Прото тема“, вчера 10 турски граѓани, и тоа двајца мажи, две жени и шест деца, биле уапсени на Родос за нелегален влез во државата и сите побарале азил за да бидат заштитени од режимот на Ердоган.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас вечерва во Њујорк ќе има средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, на која не е исклучено Ердоган да го постави прашањето за екстрадиција на турските војници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...