fbpx

И Скопје и Атина демантираат дека во ООН се подготвува анекс на Договорот од Преспа

И во Скопје и во Атина и официјално се демнатира дека, како што шпекулираа грчките медиуми, „грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе побара ООН да одобри дополнителен протокол кој ќе го допрецизира Преспанскиот договор во смисла дека ќе дава многу ограничен простор за наведувањата на...

Грција ќе бара од ООН дополнителен анекс на Преспанскиот договор за македонскиот јазик

По големата бура што во Грција ја предизвикаа изјавите во Собранието на премиерот Зоран Заев за учењето на македонскиот јазик во Грција, за неговата употреба, за „Егејска Македонија“, според грчките медиуми, Атина ќе ја префрли битката на меѓународно тло. Како што пишува атинска „Ифимерида“  сега...

Мијалков останува во притвор, одбиена жалбата на одбраната

Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 ја одби жалбата на поранешниот директот на УБК, Сашо Мијалков за притворот во случајот „Империја“. Судиите оцениле дека постои опасност Мијалков да избега и да влијае врз сведоци и го потврдија решението на судија на претходна постапка, кој...

Владата организира пет јавни расправи за уставните измени

Владата соопшти дека почнувајќи од денеска, ќе организира серија јавни дискусии со експертската јавност и со граѓаните за нацрт-амандманите за измени на Уставот. Првата јавна расправа ќе се одржи денеска со почеток во 16:30 часот, во Свечената сала во седиштето на Владата. Говорници ќе бидат...

Ципрас лобира кај Пахор: Отсега нашиот сосед да го викате „Северна Македонија“

Грчкиот премиер Алексис Ципрас на денешната средба во претседателската палата во Атина со словенечкиот претседател Борут Пахор изразил задоволство што кај „северниот грчки сосед“  бргу напредува на планот на уставните измени. Истовремено, Ципрас лобирал кај словенечкиот државник дека „земјата која сега ја нарекува според уставното...

Граѓанските организации поставија рок од 10 дена за одговорност за бегството на Груевски

Вкупно 14 граѓански организации, меѓу кои и Фондација Отворено општество - Македонија, Фондацијата „Метаморфозис“ и Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, денеска упатија втора реакција до власта, поставувајќи рок од 10 дена да се лоцира одговорноста за бегството на поранешниот премиер Никола...

Изгласани сите нацрт-амандмани за промена на Уставот, следува јавна расправа

Пратениците во Собранието по тридневна расправа ги усвоија четирите нацрт-амандмани за промена на Уставот согласно Договорот од Преспа помеѓу Македонија и Грција. Утре според најавите, би требало да почне јавната расправа за четирите нацрт амандмани за која се предвидени пет дена, по што Владата ќе...

ЗНМ: Медиумските реформи да се вратат во „планот 18“

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ)  протестира што, како што порачаа,  владата ги избришала медиумските реформи од „планот 18“ за приоритетни реформи. „Објаснувањето на владата дека медиумските реформи ги нема во реформскиот план затоа што измените и дополнувањата на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски...

Усвоен и третиот нацрт-амандман за уставни измени

Собранието со 64 гласови „за“, 14 „против“ и 2 „воздржани“ го изгласа текстот на третиот нацрт-амандман за промена на Уставот предвиден со Договорот од Преспа со кој се предвидува Републиката да го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ...

Столтенберг: Азилот на Груевски не е прашање на НАТО, треба да го дискутираат двете држави

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг оцени дека азилот на Никола Груевски не е прашање за НАТО, туку нешто што треба да го решат Скопје и Будимпешта. - Не сум јас тој што треба да го коментирам ова. Тоа е прашање што треба да се...

Никушевски: Макрадули знае дека има мерачи кои кажуваат кој загадува и чинат 250.000 евра

За ефикасно утврдување на причините за загадувањето, „Мета“ разговараше со еколошкиот активист, иноватор и бизнисмен, Тони Никушевски. На пошироката јавност тој и стана познат откако пред еден месец, во услови кога дел од официјалните мерачи на загадување на Министерството за животна средина во најзагадените...

Владата бара да биде утврдена одговорноста за двегодишното прислушување на ОЈО

Владата остро го осудува случајот со снимените телефонски разговори во Основното јавно обвинителство. Сметаме дека ваквите појави се рецидив од минатото и пракса на минатите владејачки недемократски структури, порача владиниот портпарол Миле Бошњаковски, реагирајќи по денешната информација од Јавното обвинителство дека во објектот во кој...

Јовески: Биле прислушувани фиксните телефони на Обвинителството

Јавното обвинителство отворило предистражна постапка за сторителот на незаконско прислушување на фиксните телефоните во Обвинителство од 30 септември 2016 година до вчера. Телефонските разговори биле снимени на два хард диска соопшти на брифинг со новинарите Јавниот обвинител Љубомир Јовески. Ќе се прави вештачење за да се...

Иванов сè уште не побарал термин за годишното обраќање во Собранието

Нема најава од претседателот на државата, Ѓорге Иванов дека сака има годишно обраќање во Собранието, рече собранискиот спикер, Талат Џафери на брифинг за новинарите. - Претходните години, порано добивавме барање од Иванов, оваа година сè уште не е пристигнато. Доколку сака да се обрати тој...

Втор состанок на координативното тело за помирување, поканет е и Заев

Собраниската Интерпатиската парламентарна група за интеграција, реформи и помирување денеска треба да го одржи вториот состанок, на кој е поканет премиерот Зоран Заев да ги образложи своите гледишта. На првиот состанок што беше одржан пред два дена членовите на Интерпатиската парламентарна група постигнаа согласност за...

Ружин: Амандманите во ЕП за Груевски немаат правно дејство, ама го рушат угледот на Унгарија

Иако амандманите на Резолуцијата за Македонија, со кои Европскиот Парламент денеска побара Унгарија да го екстрадира во Македонија избеганиот поранешен премиер и осуденик Никола Груевски, немаат правно дејство, туку повеќе се етичко-морален став, сепак станува збор за мерка што е непопуларна за Унгарија, вели...

ЕП: Да се засили независноста на судството и да продолжи борбата против перењето пари

Во денешната резолуција за Македонија подготвена од специјалниот известувач за земјава, Иво Вајгл, Европскиот Парламент (ЕП) оценувајќи ја ситуацијата во земјава порача дека мора да се почитува Договорот од Преспа, но и да се прави подобра заштита на судството од политичките влијанија и да...

Светска банка: Со просечни 2,8 проценти пораст, ќе ви требаат 70 години да ја стигнете ЕУ

Светска банка смета дека Македонија има голем потенцијал за забрзување на економскиот пораст, за намалување на сиромаштијата и за подобрување на животниот стандард, особено за луѓето во најдолниот дел на распределбата на приходите. Ова денеска беше посочено на презентација на анализата „Постигнување посветла иднина за сите“...

Европратениците побараа Унгарија да го екстрадира Груевски

Европскиот парламент денеска при гласањето за резолуцијата за Македонија и усвои и два амандмани со кои се бара Унгарија да го екстрадира експремиерот Никола Груевски во Македонија, јави МИА. Групите на Социјалдемократите и на Зелените пред неколку дена поднесоа одделни амандмани на оваа тема, но...

Можна средба на Могерини со премиерите од Западен Балкан во декември

Во Европската Комисија се разгледува можноста високата претставничка за надворешна политика Федерика Могерини во втората половина на декември да се сретне со премиерите од Западен Балкан. Како што пренесуваат медиумите во Србија повикувајќи се на извори во Брисел, би станувало збор за Западнобалканската шестка -...

Хамас не го прифаќа понудениот договор за примирје, преговорите продолжуваат

Висок функционер на Хамас во текот на ноќта изјавил за новинската агенција Франс прес (АФП) дека одговорот на групата на предложениот договор за примирје со Израел, а постигнат со...