fbpx

Усвоен и третиот нацрт-амандман за уставни измени

-

Собранието со 64 гласови „за“, 14 „против“ и 2 „воздржани“ го изгласа текстот на третиот нацрт-амандман за промена на Уставот предвиден со Договорот од Преспа со кој се предвидува Републиката да го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ потенцираа дека Македонија нема територијални претензии спрема ниту една држава, и затоа е непотребно тоа да се потенцира да се става дополнително во Уставот.

– Амандманот за кој денес расправаме нема суштествено значење по усвојување на нацрт-амандманот со кој се промени уставното име – рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Илиоски.

Заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски реплицираше дека станува збор за амандман со кој двете земји меѓусебно заемно гарантираат неповредливост на границите.

Пратениците продолжија со претресот по последниот нацрт-амандман со него се предвидува Републиката го штити, гарантира и негува историското и културното наследство на македонскиот народ – „Републиката ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство и ги унапредува нивните врски со татковината. Републиката се грижи за припадниците на македонскиот народ кои живеат во странство. Републиката притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...