fbpx

Ружин: Амандманите во ЕП за Груевски немаат правно дејство, ама го рушат угледот на Унгарија

-

Иако амандманите на Резолуцијата за Македонија, со кои Европскиот Парламент денеска побара Унгарија да го екстрадира во Македонија избеганиот поранешен премиер и осуденик Никола Груевски, немаат правно дејство, туку повеќе се етичко-морален став, сепак станува збор за мерка што е непопуларна за Унгарија, вели за „Мета“ универзитетскиот професор и ректор на ФОН, Нано Ружин.

– Дејство, од правен аспект, нема. Повеќе се работи за етичко-морален став на ЕП. Така е затоа што во овој момент ЕУ не е супранационална институција, туку секоја држава го задржува своето право, особено во доменот на политичкиот систем, правото итн. Но како и да е, сепак е една мерка која што е непопуларна за Унгарија. И го руши угледот како држава, како политички систем, како демократија, и нормално кога понатаму би се градел еден општ став за евентуални санкции, овие амандмани би биле еден вид аргументи против Унгарија – објаснува Ружин.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...