fbpx

ЗНМ: Медиумските реформи да се вратат во „планот 18“

-

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ)  протестира што, како што порачаа,  владата ги избришала медиумските реформи од „планот 18“ за приоритетни реформи.

„Објаснувањето на владата дека медиумските реформи ги нема во реформскиот план затоа што измените и дополнувањата на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги поминале владина процедура е апсолутно неприфатливо. Усвојувањето на законот за АВМУ во Собранието е заедничка обврска на владата и на парламентарното мнозинство“, се вели во соопштението од новинарското здружение.

ЗНМ порачува дека борбата против неказнивоста на насилството против новинари останала само на политичка волја и на изразена намера.

„Ја потсетуваме владата дека нејзината политичка волја да се бори против политиката на неказнивост на насилството врз новинари не е остварена. Од 59 напади на новинари во изминатите пет години само во два случаи напаѓачите се казнети додека останатите се неистражени, или половично истражени“, се вели во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...