fbpx

Претпладне облачно време со магла, вечерва со услови за дожд

-

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со слаба магла по одделни котлините и по речните долини.

Кон крајот на денот и на преку ноќта ќе има локални врнежи од дожд, на повисоките планини ќе има услови за врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до минус пет, а дневната температура од седум до 14 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, претпладне со слаба магла. Утринската температура ќе достигне до минус три, а дневната температура до осум Целзиусови степени.

Во среда ќе дува засилен северен ветер. Потоа во следните два дена ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а за време на викендот се очекува нов влажен бран.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...