fbpx

Иванов сè уште не побарал термин за годишното обраќање во Собранието

-

Нема најава од претседателот на државата, Ѓорге Иванов дека сака има годишно обраќање во Собранието, рече собранискиот спикер, Талат Џафери на брифинг за новинарите.

– Претходните години, порано добивавме барање од Иванов, оваа година сè уште не е пристигнато. Доколку сака да се обрати тој мора да побрза со доставување барање за да може да му се обезбеди термин. Ова на претседателот на државата му е право, а не обврска, што значи може да не сака оваа година да го искористи ова право – смета Џафери.

Мандатот на Иванов истекува на 2 мај наредната година, а претседателските избори ќе бидат распишани најверојатно на крајот на јануари или почетокот на февруари, информира Џафери.

Претседателот на законодавниот дом е категоричен дека на поранешниот премиер, Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија, мора да му биде исплаќана плата затоа што тој има уставно право на тоа.

– Јас сум должен да му пуштам плата додека тој има пратенички мандат. Таа ќе му биде намалена поради неоправдано отсуство. Ако има пристап до неговата банкарска сметка ќе си ја подигне платата. За да му се одземе мандатот мора да гласаат две третини од вкупниот број на пратеници. Пратеничкиот мандат е уставна категорија и не може да се смени само со промена на Деловникот – категоричен е Џафери.

Собраниската седница за утврдување на уставните амандмани за промена на Уставот согласно Договорот од Преспа почнува утре и може да трае најмногу 12 дена, но Џафери е убеден дека овој рок ќе биде пократок.

– Ако на собраниските комисии немаше ништо сензационално, не очекувам да има ни на седницата. Предлагачот, односно владата, потоа треба да организира јавна расправа и по завршувањето треба до Собранието да испрати извештај за да можат да течат следните рокови – вели собранискиот спикер.

Објавувањето на законот за јазици во Службен весник, вели Џафери, ќе чека соодветен момент и контекст во целокупната политичка ситуација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...