fbpx

Влатко Ѓорчев, можен кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател

Пратеникот Влатко Ѓорчев на претстојната конвнција на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде еден од кандидатите кои ќе претендираат да бидат кандидат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните претседателски избори. Ѓорчев ова го потврдил за „Независен весник“, а се очекува денеска да одржи прес-конференција. Верува дека со...

Владата ја донесе програмата за намалување на аерозагадувањето

На својата редовна седница вчера, Владата ја усвоила Програмата за реализирање на Планот за чист воздух за 2019 година. Таа се заснова на четири компоненти: мерки за директно справување со причините за загадување, градење на јавната свест од предучилишна до пензионерска возраст, регулаторни промени...

Повеќе од една милијарда евра инвестиции во патната инфраструктура најави Владата

Една милијарда и 270 милиони евра се предвидени за инвестиции во патната инфраструктура, рече денеска премиерот Зоран Заев на прес-конференција која беше посветена на изградени патишта лани, проекти кои се во тек, но и изградба, рехабилитација и реконструкција на патишта за оваа година, во...

Владата го испрати Законот за јазици до Венецијанската Комисија

Владата ја испрати целосната содржина од Законот за употреба на јазиците на мислење до Венецијанската Комисија, заедно со алтернативниот текст на членот 8, кој не е составен дел од Законот, бидејќи, како што велат од Владата, се поставило прашањето за неговата усогласеност со Уставот. Од...

Хвар гледа спас во лекарка од Македонија со плата од 6.740 евра!

Жителите на општината Суќурај, во источниот дел на хрватскиот остров Хвар долго време се без лекар, а решение за нивниот проблем изгледа ќе стане лекарка од Македонија, извести хрватскиот јавен радиодифузен сервис ХТВ. И половина година откако е распишан огласот за нов лекар во амбулантата...

ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за јазици

ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива до Уставниот суд за оцена на уставноста на Законот за јазици, откако минатата недела иницијатива поднесе и професорот Јове Кекеновски. Според партијата, Законот е донесен на насилнички начин од страна на власта, со газење на Уставот, законите и процедурите за донесување...

Поради загадувањето, распустот продолжен до утре

Поради зголеменото загадување на воздухот, зимскиот распуст на сите ученици од државните и приватните основни и средни училишта е продолжен до утре, соопшти заменик-министерот за образование Петар Атанасов. Првиот работен ден во второто полугодие ќе биде среда. Одлуката е донесена од Министерството за образование и наука...

Град Скопје поради големото загадување препорачува да не се седи на отворено

Град Скопје издаде низа препораки за граѓаните поради големото загадување на воздухот. Препораките следуваат по соопштението од Министерството за животна средина и просторно планирање за надминување на прагот на информирање каде вредноста на ПМ10 честичките во воздухот над 100 микрограми на еден кубен метар...

Сијарто: Унгарската влада не може да влијае на Службата за имиграција што му дала азил на Груевски

(Фото: bbj.hu)
Службата за имиграција и државјанство е независен орган и Владата на Унгарија не може да влијае на нејзините решенија. Поранешниот македонски премиер Никола Груевски ја помина процедурата за азил и имиграционата служба реши да издаде позитивно решение, рече Петер Сијарто, министерот за надворешни работи...

„ХирКлик“: Груевски го нема подолго време, може веќе не е во Унгарија

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски влегол во Унгарија потполно независно од постапката за азил, пишува унгарскиот новински сајт „ХирКлик“, кој шпекулира со тоа каде е Груевски во моментов. Како што пишува сајтот, Груевски не е забележан подолго време и можно е повеќе да не е...

Мицкоски: По атентатот врз Македонија, со коалицијата ќе поднесеме пријави и претставки

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски синоќа, по средбата со претседателите на партиите од коалицијата „За подобра Македонија“ порача дека добил поддршка за поднесување кривични пријави  и уставни претставки донесувањето на уставните измени и за објавувањето на Законот за јазиците во Службен весник. Toj посочи...

Нема продолжен распуст поради морбилите – в понеделник сите на училиште

Нема да се одложи почетокот на второто полугодие. Ваква одлука донела Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство. Ова се случува иако многу епидемиолози, неофицијално прогнозираа дека епидемијата на морбили ќе се прошири токму откако децата ќе почнат да одат на училиште. По завршувањето...

„О2“: Новиот закон за просторно планирање скроен по мерка на бизнисот, а не на граѓаните

Новиот Предлог-Закон за просторно и урбанистичко планирање не нуди решенија за постојниот урбанистички хаос, туку токму спротивното, сметаат од Иницијативата „О2“. „Во ситуација кога Уставниот суд го укина членот 50 од сегашниот закон за просторно и урбанистичко планирање со кој се утврдуваше кои се градбите...

Обвинителство: Војминовски беше во домашен притвор поради здравствени проблеми

Од Јавното обвинителство порачаа дека домашен притвор за сега избеганиот Никола Војминовски, кој беше осуден на 13 и пол години затвор за обид за убиство на Зијадин Села при насилствата во Собранието на 27 април 2017 година, бил побаран поради здравствената состојба на осудениот. Војминовски...

Путин денеска во Белград со огромно обезбедување

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе го посети Белград. Тој треба да допатува на пладне, по што ќе има средби со државниот врв на Србија, свечен прием, а исто така ќе се обрати на граѓаните пред катедралниот храм „Свети Сава“ на Врачар, каде се...

Владата на Ципрас доби доверба од грчкиот Парламент

Владата на грчкиот премиер Алексис Ципрас го преживеа гласањето доверба и со 151 глас „за“ доби поддршка од парламентот. Од пратениците, 148 гласаа „против“, а еден бил отсутен. Освен 145 пратеници од СИРИЗА, за доверба на владата гласаа четворица независни пратеници и двајца од Независни...

Рекорд: Mилион туристи лани во Македонија

Првпат од 1990 година, лани Македонија угостила повеќе од еден милион туристи. Податоците покажуваат дека само во првите 11 месеци од минатата година вкупниот број на туристи (и странски и домашни) изнесува еден милион и 79 илјади, што е повеќе од 13 отсто пораст...

Наумовски: Превозниците незаинтересирани за субвенциите за плински уреди во возилата

Во буџетите на Град Скопје за 2018 и за 2019 година се предвидени пари за субвенции за вградување на плински уреди со цел намалување на штетните издувни гасови, наменети за приватните автобуски превозници, но овие средства минатата година останаа неискористени, поради тоа што превозниците...

Лавров: Москва не е против новото име на Македонија, но процесот е сомнителен

Министерот за надворешни работи на Руската федерација, Сергеј Лавров, изјави дека Москва не е против новото име на Македонија, туку има сомнеж околу легитимноста на целиот процес, пренесува агенцијата „Спутник.“ - Ние не сме против името што се појави на крај. Ние се прашуваме колку...

Претседателските избори ќе се одржат на 21 април, Џафери ќе ги распише на 8 февруари

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска соопшти дека претседателските избори ќе ги распише на 8 февруари. Првиот круг од изборите ќе се одржи на 21 април, а вториот на 5 мај. Џафери вели дека првично било планирано првиот круг од изборите да се одржи на...