fbpx

Грчката дипломатија загрижена поради американски притисоци за името

Спорот за името може да се најде на листата дипломатски приоритети на грчката влада есенва, поради силниот американски притисок. По враќањето на грчкиот премиер Алексис Ципрас во Атина, грчките медиуми продолжуваат да пишуваат дека САД вршат, и ќе продолжат да вршат, активен притисок за решавање...

„Дојче банка“ предвидува пораст на германската економија поради бегалците

Германската „Дојче банка“ ја подигна прогнозата за порастот на економијата на Германија за следната година, а како причина го наведува огромниот прилив на бегалци, што ќе ја зголемат потрошувачката за половина процентен поен. Според најновите прогнози на „Дојче банка“, домашниот бруто-производ (БДП) на Германија во...

Ватикан не реагира на изградбата на скапиот споменик на Мајка Тереза

На полоштадот Македонија почна изградбата на спомен-облежјето на Мајка Тереза, кое ќе биде високо 32 метри и за кое од буџетот ќе бидат издвоени 5 милиони евра, без вклучен ДДВ. Кога во средината на јуни Министерството за култура го објави тендерот за изградба на споменикот,...

Заев: Меѓународната заедница ќе каже кој ги кочи преговорите

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска, одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали се вистинити обвиненијата на ВМРО-ДПМНЕ дека опозицијата ги блокира преговорите за да продолжи со објавување на „бомбите“, одговори дека ако СДСМ сакал да продолжи со „бомбите“, воопшто немало да седнe на преговарачка...

„Пуч“ веќе цела недела е на бирото на Катица Јанева

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, го добила материјалот за предметот „Пуч“ од јавниот обвинител што го водеше случајот и отсега тој е во нејзина надлежност, изјави за „Мета“ адвокатот на одбраната, Ангеле Илиевски. Според Илиевски, тој и неговите колеги, како адвокати на одбраната, сè уште не...

Ципрас и Кери разговараа за спорот за името

Спорот за името меѓу Македонија и Грција се најде на агендата на средбата на грчкиот премиер Алексис Ципрас и на американскиот државен секретар Џон Кери. САД изразиле поддршка за наоѓање решение, додека грчката страна уверила дека постои волја за решавање на спорот во рамки...

Обвинителите за Кежаровски, „Маѓар телеком“, Ангел и за Ставриќ во тимот на Јанева

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска го состави тимот од 14 јавни обвинители што ќе работат со неа на решавање на случаите од прислушуваните материјали што ги објави СДСМ. Се работи за Артан Ајран, Бурим Рустеми, Гаврил Бубевски, Дарко Јакимовски, Елизабета Јосифовска, Лејла Кадриу, Ленче Ристовска, Лиле...

Ципрас поради Македонија не отиде на состанокот за борба против ИД

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, поради Македонија, одби да присуствува на Генералното собрание на ОН, на клучен состанок за борбата против ИД. Ниту Ципрас, ниту шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, не се појавија на состанокот за борба против насилниот тероризам, организиран од американскиот претседател Барак Обама,...

Груевски и Ципрас разговарале за името во Њујорк

Грчкиот премиер Алексис Ципрас имаше куса средба со својот македонски колега Никола Груевски во Њујорк околу спорот за името. Информацијата ја пренесува грчкиот весник „Реал“, посочувајќи дека двајцата премиери поразговарале за време на приемот организиран од американскиот претседател Барак Обама, во чест на светските лидери...

Џафери: Швајцарскиот јазичен модел би бил најдобар за Македонија

Наредните месеци, до Нова Година, работни групи ќе прават анализа на функционирањето на Рамковниот договор, а податоците ќе се соопштат на меѓународна конференција, која ќе се организира во декември. Ова е заклучокот од денешната конференција посветена на Рамковниот договор, на која присуствуваа вицепремиерот на...

„Економист“: Рангирањето на „Дуинг бизнис“ е нереално и нецелосно!

Угледниот меѓународен неделник „Економист“ со седиште во Лондон, со неделен тираж од 1,5 милиони примероци на седум континенти, дава сериозни забелешки во однос на рангирањето на земјите во извештајот „Дуинг бизнис“ (Doing Business) на Светската банка, изразувајќи загриженост поради одредени негови недостатоци. Имено, поголем број...

„Бубачки“ на секој ревер: Кој и зошто ги снима Груевски, Пешевски, Ставрески и Тодоров?

Откако почна кампањата на премиерот Никола Груевски за посета на граѓаните низ Македонија, покрај тоа што постојано има нови ветувања, уште една работа е константна. Имено, на сите настани, без исклучок, тој и функционерите на партијата и високи членови на Владата (Владимир Пешевски, Никола...

Порака до градоначалникот: Да, Коце, сè е политика, животот е политика

„Политика за сообраќај и безбедност. Политика за живот. Политика за урбанизам. Политика за градежништво. Политика за екологија и за зеленило. И сè друго. Животот е политика“, стои во рекацијата на граѓанската иницијатива „Коце врати ни ги улиците“ на соопштението на Град Скопје. Во реакцијата на граѓаните ги...

За властите и зеленилото и безбедните улици се политика, а таа е само нивна

„Политика“ е кога се штити зеленило, кога се инсистира на безбедни улици, кога се бараат хигиена и реформи во образованието. А со политика и со собирање политички поени смеат да се занимаваат само претставниците на владејачката партија. Ова може да се заклучи од нивните изјави...

(ГАЛЕРИЈА) Граѓаните порачаа: „Коце врати ни ги улиците“

Транспарентот на кој што пишуваше „Коце врати ни ги улиците“, венец кој симболично беше направен од велосипедско тркало, како и цвеќе донесено од граѓаните, беа оставени пред главната порта на административната зграда на Град Скопје, по завршувањето на граѓанскиот протест за жртвите од сообраќајни...

„Марш на молкот“ низ скопските улици

Стотици граѓани се собраа кај фонтаната во градскиот парк во Скопје, на крстосницата каде последна жртва на сообраќајна несреќа беше малолетниот Давид. Тие во знак на револт ги оставија своите велосипеди на крстосницата зад транспарент на кој пишуваше „Коце, врати ни ги улиците“. Златко Радески,...

Хрватска ја отвори границата, камионите полека се пропуштаат

Граничните премини Бајаково и Товарник се отворени за сообраќај без никакви ограничувања, објави Владата на Хрватска, на својот профил на социјалната мрежа  „Твитер“. Granični prijelazi Bajakovo i Tovarnik otvoreni su za sav promet, bez ikakvih ograničenja http://t.co/V4pz6M2k9H — Vlada R. Hrvatske (@VladaRH) September 25, 2015 Билјана Муратовска...

Црна скопска сообраќајна статистика: За осум месеци загинале 27 лица, од кои 15 пешаци

Зголемен е бројот на загинати пешаци во Скопје во однос на минатата година, покажуваат последните анализи на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата. Во апсолутни бројки, за првите шест месеци во 2015 година имаше 20 загинати, за разлика од лани, кога имало 15....

Мало раздвижување на македонските камиони на српско-хрватската граница

На граничниот премин Бајаково има мало раздвижување на колоната товарни возила, така што се пропуштаат камиони што превезуваат расиплива и опасна стока. - Има минимално радзвижување, односно се пропуштаат камионите кои носат свежа стока и стока што е опасна за околината. Имено, тие возила според закон, не смеат...

Трагедија во Мека: Во стампедо загинаа 717 аџии

Бројот на жртвите во стампедото за време на чествувањето на Курбан-бајрам во близина на Мека достигна 717 лица, а 805 се повредени, соопштија саудиските власти. Околу 4.000 членови на спасувачките екипи и 220 возила на брзата помош се испратени на местото на несреќата. Трагедијата се случи на...