Стотици граѓани се собраа кај фонтаната во градскиот парк во Скопје, на крстосницата каде последна жртва на сообраќајна несреќа беше малолетниот Давид. Тие во знак на револт ги оставија своите велосипеди на крстосницата зад транспарент на кој пишуваше „Коце, врати ни ги улиците“.
Златко Радески, татко на девојче кое загина на пешачки во Ново Лисиче, им порача на присутните и на надлежните само да се обидат да ја почувствуваат болката од загубата што тој ја има како родител.
Побарал средба со градоначалникот Коце Трајановски за да разговараат за подобри сообраќајни решенија за зголемување на безбедноста на пешаците.
Забележливо е присуство и на голем број родители со деца, со колички, на велосипеди, загрижени за безбедноста на своите најмили. Граѓаните во моментов го маршираат таканаречениот „марш на молкот“ кој е тивок и безгласен за да се даде почит на жртвите во сообраќајот.
Колоната се двжи кон административните бараки на Град Скопје.