fbpx

„Средношколски пленум“: Да се укине екстерното и да се врати стариот концепт на државна матура

-

„Средношколски пленум“ денеска до Министерството за образование и наука (МОН) и до Бирото за развој на образованието (БРО) поднесе две барања, со кои побара укинување на екстерното тестирање и враќање на стариот концепт на државна матура за веќе запишаните, како и учество на средношколците во случај да се пристапи кон подготвување на нов концепт за матурата.

Во барањето се вели:

„Фаворизирањето на краткотрајно меморирање на факти го обезвреднува сиот вложен труд на ученикот во текот на целата школска година, а притоа не се проверува критичкото знаење и квалитет. На овој начин, се девалвира успехот кој ученикот претходно го стекнал, а се анулира и трудот на наставникот кој му помогнал на ученикот да го постигне тој успех. Сметаме дека резултатите добиени од овој вид тестирање влијаат негативно на општиот успех на ученикот и ја поразуваат целта поради која екстерното тестирање е првично воведено.
Ние, „Средношколски пленум“, укажуваме дека екстерното тестирање е спротивно на европските образовни стандарди, е неспроведливо и е дел од „реформи“ кои само ќе ги продлабочат, наместо да ги решат образовните проблеми во државава! Континуираната проверка на знаењето и способноста на ученикот низ целата школска година не може и не смее да се изедначи со проверката преку екстерното тестирање, која трае само неколку часа.
Поради тоа, „Средношколски пленум“ бара итно и неодложно укинување на екстерното тестирање!
Ние, претставниците на „Средношколски пленум“, сметаме дека е несоодветно и неприфатливо надлежните институции да ги активираат евентуалните промени во концептот на полагање на државна матура за тековно запишаните ученици во средно образование, како што беше предложено за матурантите во учебната 2014/2015 година. Би сакале да напоменеме дека согласно Уставот на Република Македонија чл. 52 ст. 4, законите и останатите прописи не смеат да имаат повратно дејство, освен по исклучок, кога тоа е поповолно за граѓаните. Дополнително, минатогодишното одложување на предложените промени и секое наредно одложување не ги решава проблемите и не го подобрува образовниот систем, туку треба да се пристапи кон суштински реформи со учество на сите засегнати страни.
Понатаму, сметаме дека воведување на кој било втор задолжителен екстерен предмет го ограничува правото на избор на матурантот да избере предмет соодветен на неговите афинитети и желби за понатамошно образование. Претходното воведување на државната матура како замена за приемниот испит значи дека секој матурант би избрал предмет неопходен за рангирање при уписот на факултет. Затоа, од горенаведениот наслов бараме:
1. Полагањето на државна матура за сите веќе запишани средношколци да се изведува според концептот на полагање кој опфаќа полагање на три екстерни предмети, од кои првиот задолжителен (мајчин јазик), вториот изборен (математика или странски јазик) и третиот изборен (од група предмети, во зависност од видот на средното образование), еден интерен изборен предмет и проектна задача.
2. „Средношколски пленум“ да биде рамноправно вклучен доколку се пристапи кон изготвување на нов концепт на полагање на државна матура.
3. Секој нов концепт на полагање на државна матура да важи за учениците кои што ќе се запишат во средно образование по негово донесување и стапување во сила. Повторно, повикуваме на доследно почитување на Уставот на Република Македонија и забраната за ретроактивно важење за законите. Секој ученик има право да го заврши своето средно образование според правилата кои важеле во моментот на неговото отпочнување.
4. „Средношколски пленум“ да биде активен учесник во носењето на било какви промени поврзани со средношколското образование“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...