(ГАЛЕРИЈА) Граѓаните порачаа: „Коце врати ни ги улиците“

-

Транспарентот на кој што пишуваше „Коце врати ни ги улиците“, венец кој симболично беше направен од велосипедско тркало, како и цвеќе донесено од граѓаните, беа оставени пред главната порта на административната зграда на Град Скопје, по завршувањето на граѓанскиот протест за жртвите од сообраќајни несреќи во главниот град, кој се одржа денеска.

Стотици граѓани се собраа кај фонтаната во градскиот парк во Скопје, на крстосницата каде последна жртва на сообраќајна несреќа беше малолетниот Давид и во знак на револт ги оставија своите велосипеди.

Забележливо беше присуство на голем број родители со деца, со колички, на велосипеди, загрижени за безбедноста на своите најмили. Граѓаните маршираа во таканаречен „марш на молкот“, кој беше тивок и безгласен за да се оддаде почит на жртвите во сообраќајот.

– Не се работи за една, туку за 15 жртви. Во последните шест месеци има 66 жртви во Скопје и во околината. Поттикнати од смртта на Давид, како и за сите претходни, одговорноста ја посочуваме кон градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски. Тој е директно одговорен за инфраструктурата и треба да се грижи за безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Патиштата се претворија во авиописти, на кои  фрчат автомобили, кои го загрозуваат здравјето и животот на скопјани. Секое излегување на улица, било како пешак, велосипедист или мајка со дете со количка е небезбедно. Бараме од Коце Трајановски итно да преземе обврска и грижа за сите граѓани на Скопје. Инфраструктурно да се обезбеди градот за еднакво да биде безбеден за сите учесници во сообраќајот – изјави Огнен Јаневски, граѓански активист, кој се обрати пред присутните граѓани.

Учесниците на овој протест му порачаа на градоначалникот дека доколку не може да си ја врши функцијата, татко на градот, да се повлече, за да можат граѓаните да си ги остварат своите права.

Граѓаните од пред зградата на Град Скопје се упатија повторно на крстосницата каде што животот го загуби младиот Давид, а дел од нив запалија и свеќи во знак на почит на жртвите.

 

Се воскреснува стара теорија на заговор за депопулција базирана на документарец на руски јазик

Изнесените тврдења во објавата, дека пандемијата на ковид-19 била програма на СЗО креирана од Рокфелер за депопулација, а спроведена од Бил Гејтс и Ентони Фаучи, всушност се дел од една стара...

Депонија за стари возила во близина на Полициската станица и на Основниот суд Куманово, надлежните ветија решение

Просторот кој се наоѓа зад Основниот суд Куманово и во близина на Полициската станица е претворен во напуштен простор каде со месеци се паркирани многу стари возила. Граѓаните бараат тој простор...

Израел ослободи повеќе од деведесет Палестински затвореници по договорот за прекин на огнот

Деведесет палестински затвореници беа ослободени утрово како дел од договорот за прекин на огнот. Ослободените од израелските затвори вклучуваа 69 жени и 21 тинејџер од Западниот Брег и Ерусалим, според податоците...

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои цркви биле...

Се воскреснува стара теорија на заговор за депопулција базирана на документарец на руски јазик

Изнесените тврдења во објавата, дека пандемијата на ковид-19 била програма на СЗО креирана од Рокфелер за депопулација, а спроведена од Бил Гејтс и Ентони Фаучи, всушност се дел од...