недела, 14 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: парк | 40 резултати

Руинираните објекти во фабрика „Треска“ тргнати, ќе надживеат дрвјата или зградите?

декември 8, 2023

Од некогашната фабрика за мебел „Треска“ не е останато речиси ништо по неколкумесечното чистење на руинираните индустриски објекти на оваа локација во скопската населба Буњаковец. Мета.мк обезбеди фотографии од внатрешноста на „Треска“, од кои може да се увиди дека инвеститорот целата локација ја има исчистено и претворено во своевидна аеродромска писта, пред да продолжи со […]

Мета факт: Нема трага од изградбата на нов парк во центарот на Охрид, ветен од градоначалникот

јули 11, 2023

Охридскиот градоначалник Кирил Пецаков во предизборната кампања пред локалните избори во 2021 година на граѓаните на Охрид им вети изградба на нов парк на потегот од споменикот на А. Ден Долард до Студенчишкиот канал, којшто до денешен ден не е реализиран. Ова ветување не е исполнето, а екипата на Мета.мк на терен забележа дури и […]

Узурпиран паркингот на поликлиниката „Бит Пазар“, Општина Чаир дозволува парите на граѓаните нелегално да завршат во приватни џебови

јуни 3, 2023

Позади објектот на поликлиниката во Бит Пазар граѓаните се принудени да плаќаат паркинг и покрај тоа што парцелите се во државна сопственост и се узурпирани. Парите на граѓаните наместо во касата на болницата, општината или државата, незаконски завршуваат во џебовите на приватни лица. Со години наназад општина Чаир и општинските инспектори дозволуваат да се одвива […]

Мета факт: Изградбата на мега паркот во Ново Село во тек, ѓубре уште се фрла околу локацијата

април 25, 2023

Актуелниот градоначалник на скопската општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски за време на предизборната кампања вети чистење на дивата депонија во населбата Ново Село и изградба на мега парк на оваа локација во близина на пречистителната станица за отпадни води на реката Лепенец. Идентично ветување испорача и скопската градоначалничка Данела Арсовска во својата предизборна кампања „Програма за […]

Мета факт: Во зародиш е ветувањето за нова административна зграда, младински центар и подземен паркинг во Дебар Маало

март 7, 2023

Градоначалникот на скопската општина Центар, Горан Герасимовски во предизборниот период пред локалните избори што се одржаа во октомври 2021 година пред граѓаните вети дека населбата Дебар Маало ќе добие нов лик преку изведба на нова општинска зграда со Младински центар, подземен паркинг и ново шеталиште со парк. Ова предизборно ветување е во самиот зародиш на […]

Недолична случка од парк во Русија, прикажана како да се случила кај нас

ноември 26, 2022

Во постот и во насловот што се споделува недостасува информацијата дека станува збор за случка во некој градски парк во градот Краснодар во Русија. Ова е типична манипулација за да се излажете да кликнете на текстот, па откако ќе се отвори содржината внатре ќе прочитате дека ваквата недолична ситуација не се случила во Градскиот парк […]

Шанса за Центар алармира: Кај „Треска“ може да ни се повтори „Холидеј ин“

март 23, 2022

Шанса за Центар денеска повторно алармираше и ја повика јавноста и институциите на будност за да не се бетонира просторот на некогашната фабрика за мебел „Треска“, како во случајот со висококатниците кај „Холидеј ин“. Велат дека спорниот урбанистички план за Буњаковец, со кој се предвидува изградба на згради и на просторот на фабриката „Треска“ ќе […]

Вистиномер: Карпош не го доби ветениот голем парк со ботаничка градина

септември 30, 2021

Во изборната програма „Живот во Скопје, за сите“ со која градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов се претстави на локалните избори во 2017 година, вети нов градски парк со ботаничка градина „за нови зелени простори во Карпош“, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Ветување: Нов градски парк со ботаничка градина Како логичен продолжеток на […]

Втора акција „Децата заслужуваат повеќе“ на „Штип Арт Активизам“, поставени уште две фигури во паркот „Пролет“

јуни 15, 2021

Активисти на неформалната група „Штип Aрт Aктивизам“ ја спроведоа втората дополнителна акција на тема „Децата заслужуваат повеќе“, на постојната локација во штипскиот парк „Пролет“, со посебен фокус на децата со пречки во развојот. Поставени се уште две фигури, на крокодил и на фока, информираа од „Штип Арт Активизам“, поради големиот интерес и поддршка од граѓаните. […]

Мицотакис го промовираше проектот „Пиркал“ – нов огромен парк и административен центар во Атина

април 5, 2021

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис викендов во Атина го презентираше капиталниот проект „Пиркал“, со кој се предвидува изградба на огромен парк и ново административно седиште на Атина со вкупна површина од речиси 490.000 метри квадратни. Од нив, за изградба на парковска површина се предвидени околу 32,4 хектари (324.000 метри квадратни) од локацијата на некогашната фабрика „Пиркал“. […]

Порталб: Општина Тетово „глува“ за барањата на граѓаните да се чисти ѓубрето

март 2, 2021

Во моментов една од ретките зелени површини во Тетово, која е во близина на Универзитетот во Тетово и Универзитетот на Југоисточна Европа, во „Студентската“ населба, е веќе полна со ѓубре и е на добар пат да се претвори во мала депонија, пишува Порталб.мк. Новинар од медиумот го пријавил случајот на општинските власти пред една седмица, […]

Во Градскиот парк отворен „памптрак“ велодром за велосипедисти и скејтбордери

октомври 19, 2020

Од денеска вљубениците во велосипедизмот, ролерите и скејтбордите можат да го користат новиот „памптрак“ полигон во вториот дел од Градскиот парк, во непосредна близина на просториите на ЈП „Паркови и зеленило“ и Сточарскиот институт. Новиот памптрак полигон зафаќа површина од над 700 квадратни метри и е наменет за деца и возрасни од различни возрасти. Со […]

Студенчишкото блато во Охрид на чекор да го добие статусот Парк на природата

јули 31, 2020

На вчерашната 45-та седница, Советот на Општина Охрид ја изгласа предлог-одлуката за предлагање на прогласување на заштитеното подрачје Студенчишко блато во категорија Парк на природата. На вчерашната седница претходно беше донесен предлог-заклучокот за усвојување на информацијата за изготвената Студија за валоризација на просторот на Студенчишко Блато заради негово прогласување за заштитено подрачје. Според студијата се […]

Ограничено движење на Водно, само дење ќе можат да шетаат групи до пет лица

март 20, 2020

Во Парк шумата „Водно“, секој ден, во период од 18 часот до 6 часот наредниот ден се забранува движење на лица и на возила, а патролни возила на МВР ќе го  затворат пристапот кон ова излетничко место. Забрането е и собирање во група на повеќе од пет лица, во паркови и на други јавни места […]

„Еко-свест“ предупредува дека на парк шумата Водно ѝ се заканува уништување

август 15, 2018

На парк шумата Водно ѝ се заканува уништување од изградбата на гасовод низ значајни подрачја на природа богати со биодоверзитет, велат од невладината „Еко-свест“ и додаваат дека минатата недела испратиле дописи до меѓународни институции и банки со цел да алармираат за повеќе проблеми кои ги има изградбата на гасовод низ Водно. „Во последните неколку месеци […]

Шилегов и Богоев најавија нов градски парк на површина од 30 хектари во Карпош

септември 25, 2017

Овие локални избори се поинакви бидејќи граѓаните избираат нови политики кои носат изградба на инфраструктура по план, нови можности, чиста животна средина, повеќе пари кај граѓаните и живот за сите во Скопје, порача кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов, во изјава за медиуми. – За да ги оствариме тие цели, чекориме по неколку […]

Охрид денеска како во екот на туристичката сезона 

јануари 1, 2017

Невообичаено топлото време за овој период од годината, ги наполни шеталиштето, парковите и кафулињата во Охрид. Овој продолжен празничен викенд во Охрид донесе голем број гости. Тоа можеше да се забележи по улиците и на паркиралиштата, кои изгледаа како среде туристичка сезона. Заживеа и бродскиот туризам, така што кајчињата и бродовите ги превозуваа туртистите до Канео, […]

„Рајската градина“, иако недовршена, дење е рај за прошетки, ноќе место за пеколни забави

ноември 1, 2016

Недовршената рајска градина во општината Аеродром преку ден е рај за прошетки на родители и на деца, а навечер е место за пеколни забави на младите. Тендерот за проектот за паркот неодамна беше поништен, а градежните активности се прекинати. Тоа што може да се забележи на локацијата се големи тревници, неколку летниковци, непоплочени патеки, клупи за […]

Авантуристички парк кај Плаошник, нова авантура на локалната власт

октомври 31, 2016

Во боровата шума кај Плаошник, над плажата Лабино во заштитеното градско јадро, на површина од околу 500 квадратни метри, Oпштина Охрид сака да гради авантуристички парк со реквизити за забава и за рекреација, пишува порталот „Охрид њуз“. Надлежните уверуваат дека авантуристичкиот парк нема да го наруши амбиентот бидејќи сите реквизити ќе бидат од природни материјали, за […]

Жителите на Тафталиџе со референдум ќе го бранат паркот

август 21, 2016

Жителите на Тафталиџе ќе побараат од Советот на општина Карпош одржување на референдум во месна заедница Тафталиџе 1, за да се докаже дека граѓаните не сакаат зграда на местото на паркот. – Граѓаните мора да се послушаат за нивното уставно право за здрава животна средина. Планираме утре да упатиме повик до Советот на општината, да се […]

Страна 1 од 2