fbpx

За властите и зеленилото и безбедните улици се политика, а таа е само нивна

-

„Политика“ е кога се штити зеленило, кога се инсистира на безбедни улици, кога се бараат хигиена и реформи во образованието.

А со политика и со собирање политички поени смеат да се занимаваат само претставниците на владејачката партија. Ова може да се заклучи од нивните изјави кога изминатава недела неколку граѓански иницијативи беа прогласени за „политика“ – како да е тоа непристоен збор и активност.

Граѓанска иницијатива за да се спречи сечење на зеленилото за изградба на паркиралиште, укажување на несоодветна политика кон безбедноста во сообраќајот, потсетување дека во студентските домови живеат ученици кои имаат потреба од елементарна хигиена и услови за живот и многу други ситуации на кои деновиве бевме сведоци, според ВМРО-ДПМНЕ, се политиканство, односно, собирање ситни политички поени.

По состанокот со министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, предупреди жртвите во сообраќајните несреќи да не се користат за собирање политички поени, иако за само осум месеци во главниот град загинале 27 лица, од кои 15 пешаци.

– Ја свикав оваа средба за со министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, и со претставниците од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата да дискутираме за безбедноста на сообраќајот во Скопје. Сакам да изразам жалење за загубата на човечки животи во сообраќајни несреќи и сакам да истакнам да не се прави политика од ваквите несреќни случаи – рече Трајановски.

Неговиот колега, градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, кој е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, иницијативата на жителите на Карпош за собирање потписи против сечата на зеленилото во оваа општина ја нарече политички мотивирана.

– Јас, како градоначалник ја поздравувам секоја иницијатива на граѓаните, вклучувајќи ја и оваа. Камо среќа мислењето на граѓаните да може да се преточи во закони, кои ние, како локална самоуправа, сме должни да ги применуваме. Ја поздравувам иницијативата дури и кога е политички мотивирана, зашто тоа е навистина здраво за демократијата во Република Македонија – изјави Јакимовски.

Владејачката партија во општина Прилеп, пак, политика гледа во барањата на студентите за укинување на екстерното тестирање.

– Деструктивното однесување на СДСМ продолжува во сите области на нашето живеење. Во обид да соберат ситни политички поени, повторно излегуваат критикувајќи ги образовните реформи и обидувајќи се да манипулираат со учениците, родителите и со просветните работници – реагираа од Општина Прилеп на барањето за укинување на екстерното тестирање.

На реакцијата на СДСМ откако падна плафонот во студентскиот дом „Гоце Делчев“, ВМРО-ДПМНЕ напиша дека фотографиите и реакциите на опозицијата пред студентскиот дом се само за собирање политички поени.

– Фактите говорат дека СДСМ нема заковано ниту една шајка во објектите на студентскиот дом пред кој денеска се фотографираат, обидувајќи се да соберат дневно-политички поени – реагираа од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција на СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...