fbpx

МВР: Снимателот на протестите пред МРТВ е полицаец, поведена е истрага

Лицето што синоќа го снимаше протестот на „Шарената револуција“ пред зградата на „Македонска радио-телевизија“ е припадник на Единицата за брзо распоредување (ЕБР), потврди МВР. „Утврдено е дека лицето е припадник на ЕБР и се преземаат мерки за да се открие по чија наредба го вршел снимањето“,...

„Родова еднаквост“ и „Шарената револуција“ на Скопскиот маратон

Повеќе од 8.000 учесници од 46 држави денеска учествуваат на годинешниот „Виз ер - Скопски маратон“, кој се одржува по 12. пат. Маратонот се организира под покровителство на Град Скопје и на Мисијата на Европската Унија, а наградниот фонд изнесува 17.100 евра. Во рамките на...

„Крај на програмата“ ѝ порачаа демонстрантите на МРТВ

„Шарената револуција“ вечерва ја обои зградата на МРТВ и му порача на јавниот сервис „Крај на програмата“. Фокусот на денешниот протест беше дека МРТВ е јавен сервис на граѓаните и дека негова задача е да работи професионално, а не партиски. https://twitter.com/meta_agency/status/729018124343906305 Пред МРТВ, се обрати поранешниот...

„Шарената револуција“ денеска ќе бара департизација на МРТВ

Граѓанската иницијатива „Протестирам“ денеска ќе одржи протест во чиј фокус ќе биде работата и информирањето на јавниот сервис, односно „Македонска радио-телевизија“. „Само информирани граѓан(к)и можат да носат информирани одлуки. Задача на „Македонска радио-телевизија“, како јавен радиодифузер, е да известува професионално и непристрасно за настаните. Меѓутоа,...

Боја врз Владата и „споменик“ на сите украдени и испрани пари од власта

Демонстрантите вечерва ја обоија зградата во која е сместена Државна комисија за спречување на корупција (ДКСК). Активистите на „Протестирам“ со балони полни со боја фрлаа кон ДКСК во знак на револт, бидејќи, како што рекоа, таа е глува и нема за институциите корумпирани од власта.   https://twitter.com/meta_agency/status/728646953416990720 Претходно тие...

Протестна симболика: Балони со сликата на Груевски полетаа кон небото

Граѓанската иницијатива „Протестирам“ денеска со шарени балони ги изненади граѓаните што се собраа на протест пред просториите на Специјалното јавно обвинителство во 18 часот. Активистите на „Шарената револуција“ донесоа балони, кои им ги поделија на насобраните демонстранти. На балоните се закачени фотографии од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,...

Фити: Приливите се намалуваат, малаксува оптимизмот, а проекциите најавуваат рецесија!

Ќе има потреба од ребаланс на буџетот бидејќи приливите се намалуваат, оцени претседателот на МАНУ, академик Таки Фити во рамките на научната конференција „Република Македонија на патот кон Европската Унија 2020 ­ искуства, предизвици и перспективи“. Според него, новите проекции на Народна банка за економски...

СЈО бара од судот да го замрзне имотот на битолскиот градоначалник

Специјалното јавно обвинителство побрало од Кривичниот суд во Скопје замрзнување на имотот на неколку лица осомничени во случајот „Транспортер“, меѓу кои и градоначалникот на Битола, Владимир Талески, потврдија за „Мета“ од СЈО. Оттаму велат дека во тек е постапката што СЈО ја најави на прес-конференцијата на 14...

ДУИ, ДПА и СДСМ не поднесоа листи за членови на избирачките одбори

ДУИ, ДПА и СДСМ не поднесоа листи на кандидати за членови на избирачките одбори, неофицијално информираат од Државната изборна комисија (ДИК). Вчера до полноќ, до кога беше и последниот рок да се поднесат кандидатски листи, тоа го стори само ВМРО-ДПМНЕ. Што се однесува, пак, на...

„Правда за Мартин – слобода за народот“, потресни и крваво црвени пораки на протестите

Протестите денеска беа во знакот на само една боја - црвената, како симбол на крвта на Мартин Нешковски, кој на 6 јуни 2011 година беше убиен на градскиот плоштад во Скопје. Демонстрантите на плоштадот Македонија прво го поставија транспарентот со натпис „Пробавте да сокриете убиство“,...

„Шарената револуција“ денеска посветена на ланскиот насилен и крвав 5 мај

Граѓанската иницијатива „Протестирам“ денеска во 18 часот пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство ќе одржи протест, кој ќе биде посветен на смртта на Мартин Нешковски, односно ќе биде потсетување на ланскиот собир на истиот датум, кога полицијата насилно ги растури демонстрациите пред Владата. „Денеска е 5...

Денеска протест на затворениците и на нивни роднини

Затвореници и нивни роднини денеска ќе протестираат во и пред сите затвори во Македонија поради тоа што претседателот Ѓорге Иванов сè уште нема одговорено на нивното барање да бидат помилувани. Според најавите, протестот ќе биде поддржан и од невладините организации, кои веќе протестираат поради одлуката на...

„Шарената револуција“ порача: Избори во вакви услови не може да има

„Шарената револуција“ вечерва ја обои зградата на НИП „Нова Македонија“, во која се наоѓаат просториите на Државната изборна комисија. Тие порачаа дека во вакви услови, со ваков избирачки список, избори нема и не може да има. Пред да почнат со боењето, демонстрантите облекоа кабаници и...

Фуере пред СЈО: Избори во ваква ситуација се невозможни

Поранешниот евроамбасадор во Македонија, Ерван Фуере, денеска им се приклучи на демонстрантите, кои традиционално својот протестен марш го почнуваат пред зградата на Специјалното јавно обвинителство. - Ги поддржувам овие луѓе кои достоинствено протестираат против кршењето на владеењето на правото и повредата на човековите права, кои...

Германија назначи специјален пратеник за решавање на кризата во Македонија

Шефот на германската дипломатија, Франк Валтер Штајнмаер, назначил специјален пратеник за Македонија кој треба да посредува во решавањето на политичката криза. Ова попладнево го објави германското министерство за надворешни работи на својот официјaлен твитер-профил. Специјалниот пратеник, како што е објавено, во координација со претставниците на Европската...

СЈО: Крпач не беше причината поради која баравме измени во Законот за заштита на сведоци

Коста Крпач не бил причината поради која Специјалното јавно обвинителство барало измени во Законот за заштита на сведоци за да може да предлага и да бара заштита на одредени сведоци, велат за „Мета“ од кабинетот на специјалната обвинителка Катица Јанева. „Лицето за кое прашувате не...

Хан: Договорот од Пржино не е мртов и важно е да се одржат избори

Договорот од Пржино има иднина и тоа што е важно е да се одржат избори што ќе бидат прифатени од меѓународната заедница, вели еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, во интервју за „Радио Слободна Европа“. - Има иднина. Имавме искуство кога вообичаено сите различни...

ДИК ќе проверува колку лица од Албанија склучиле брак во Македонија

Државната изборна комисија (ДИК) синоќа едногласно го усвои заклучокот да се задолжат Управата за водење матична евиденција и МВР да утврдат колку лица од Албанија имаат склучено брак во Македонија и на која основа стекнале државјанство. Проверките ќе се вршат таму каде што е утврдено дека...

Мај – месец на важни и на тажни датуми, искушенија и на тешки моменти

Mај минатата година беше месец на голем број настани, искушенија и на тешки моменти. Во тие триесетина дена се случија конфликтот во Диво Насеље, оставките на тројца високи функционери на владејачката партија, протестите за Мартин Нешковски, три лидерски средби, средба во Стразбур, големиот протест на...

ИКГ: Македонија во групата на земји каде состојбата се влошува

На својата најнова листа, Интернационалната кризна група (ИКГ) ја стави Македонија во групата на земји каде состојбата се влошува. Македонија е во друштво со Авганистан, Бангладеш, Гамбија, Ирак, Нагорно-Карабах (Азербејџан), Република Конго и со Сирија, земји кои постојано се на раб на некаков конфликт. Според ИКГ,...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...