fbpx

„Правда за Мартин – слобода за народот“, потресни и крваво црвени пораки на протестите

-

Протестите денеска беа во знакот на само една боја – црвената, како симбол на крвта на Мартин Нешковски, кој на 6 јуни 2011 година беше убиен на градскиот плоштад во Скопје.

Демонстрантите на плоштадот Македонија прво го поставија транспарентот со натпис „Пробавте да сокриете убиство“, а потоа со црвена боја на плочникот оставаа отпечатоци од раце и напишаа „Убијци“, како и „Правда за Мартин, слобода за народот“.

Денеска протестот организиран од „Протестирам“ одбележува една година откако на 5 мај лани преку „бомбите“, опозицискиот СДСМ обзнани дека власта се обидувала да ја прикрие вистината за убиството на Нешковски.

Поранешниот евроамбасадор во Македонија, Ерван Фуере, и денеска им се приклучи на протестите.

Колоната демонстранти тргна од зградата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и се упати кон Собранието на Македонија. Во првиот ред беше и Александар, братот на убиениот Мартин Нешковски. Неколкуте илјади демонстранти извикуваа „Нема правда, нема мир“ и „Убијци, убијци“.

Граѓаните пред Собранието ја пуштаа песната „Во борба, во борба“, а потоа ги пуштија и аудиоснимките од „бомбите“ на опозицијата од кои, како што минатат година тврдеше лидерот на СДСМ, се дозна како било прикривано убиството на Мартин Нешковски.

Пред Собранието драматично обраќање имаше Јасмина Голубовска, чиј татко е поранешен полицаец и е со ампутирана нога. Говорејќи пред плицајците кои го чуваа парламентот, таа рече дека татко ѝ не ја добил потребната нега на Клиниката за торакална хирургија, односно, како што рече, во „зградите на смртта“.

– Бара помош од соборците на улица, а не од патриоти во фотељи. Три месеци се соочува со здравствени проблеми, има ампутирана нога, а лежи во нечист кревет, со лебарки и цела недела му оставале храна покрај ампутираната нога. Сега е во приватна болница и бара пари и помош за лекување. Би сакала овие лица да ги снема од нивните фотељи и татко ми да добие нега каква што заслужува – рече таа.

Протестот потоа продолжи пред Владата. Таму граѓаните поставија слики од поранешниот премиер, Никола Груевски, и од поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, на кои напишаа „Пробаа да сокријат убиство“ и ги измачкаа со црвена боја.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со манипулативни изменети видеа се исмеваат францускиот и украинскиот претседател

Првото видео наводно го прикажува Макрон меѓу млади посетители во ноќни клубови кои танцуваат во стилот на 80-тите години. Станува збор за манипулирана верзија на клип на кој се...