fbpx

Мај – месец на важни и на тажни датуми, искушенија и на тешки моменти

-

Mај минатата година беше месец на голем број настани, искушенија и на тешки моменти.

Во тие триесетина дена се случија конфликтот во Диво Насеље, оставките на тројца високи функционери на владејачката партија, протестите за Мартин Нешковски, три лидерски средби, средба во Стразбур, големиот протест на опозицијата и на граѓанските организации по што се формираше „Кампот на слободата“ и масовниот собир на ВМРО-ДПМНЕ.

Еве некои од настаните од ланскиот мај:

  • 2-3 мај – 15. конгрес на ВМРО-ДПМНЕ: Во Куманово се одржа конгресот на владејачката партија на кој за претседател на партијата беше реизбран Никола Груевски. Конгресот првично требаше да се одржи на 9и на 10 мај, но тој беше поместен една недела порано поради, како што објави „Мета“, „безбедносни и оперативни цели“.
  • 5 мај – Протест за Мартин Нешковски: По објавувањето на „29. бомба“ на опозицијата, граѓаните спонтано се собраа на протест за искажување на незадоволството од прикривањето на смртта на Мартин Нешковски. Тие го пробија полицискиот кордон и се упатија кон Владата, каде специјални полциски единици го чуваа влезот. На насилството на полицијата, демонстрантите одговараа со фрлање камења, стаклени шишиња и со палење контејнери, а полицијата употребуваше сила и ги приведуваше. Зголеменото полициско присуство ја растури толпата, при што беа приведени 30 лица, а повредени беа 38 припадници на полицијата.
  • 9-10 мај – Диво Насеље: Во кумановско Диво Насеље безбедносните сили имаа акција против, како што ја нарекоа од МВР, голема терористичка група, во која загинаа осуммина, а беа повредени повеќе од 30 полицајци.
  • 12 мај – Оставки: Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, поднесоа оставки.
  • 14 мај – Прва лидерска средба: Во Клубот на пратеници се сретнаа Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев од СДСМ, Али Ахмети од ДУИ и Медух Тачи од ДПА, како и американскиот амбасадор Џес Бејли и евроамбасадорот Аиво Орав.
  • 17 мај – Протест на СДСМ и на „Граѓаните за Македонија“: Опозицијата заедно со повеќе граѓански организации, здружени во „Граѓаните за Македонија“, одржаа масовен протест пред Владата каде побараа оставка од Никола Груевски. По завршување на протестот, пред Владата беа поставени шатори. „Кампот на слободата“ беше формиран за тогашниот премиер Никола Груевски да си замине од власт. Одлуката за растурањето на кампот падна откако лидерите на четирите политички партии, со посредство на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, постигнаа договор за излез од политичката криза во државата.
  • 18 мај – Втора лидерска средба во Клубот на пратеници.
  • 18 мај – Голем собир на ВМРО-ДПМНЕ: Од плоштадот Пела врвот на владејачката партија порача дека на Македонија ѝ се случува диктатура на политичкото малцинство, но дека нема да има повлекување, потклекнување ниту предавање.
  • 19 мај – Маратонска средба во Стразбур: Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, се сретнаа во присуство на тројцата европратеници и на комесарот за проширување, Јоханес Хан, но средбата заврши без договор.
  • 26 мај – Трета лидерска средба во Клубот на пратеници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...