fbpx

СЈО бара од судот да го замрзне имотот на битолскиот градоначалник

-

Специјалното јавно обвинителство побрало од Кривичниот суд во Скопје замрзнување на имотот на неколку лица осомничени во случајот „Транспортер“, меѓу кои и градоначалникот на Битола, Владимир Талески, потврдија за „Мета“ од СЈО.

Оттаму велат дека во тек е постапката што СЈО ја најави на прес-конференцијата на 14 април, кога беше отворен случајот „Транспортер“ за злоупотреби со превозот на ученици во Битола.

– Во согласност со член 97 од Кривичниот закон, никој не може да ја задржи непосредната и посредна корист прибавена од кривично дело, а одлука за конфискација судот ќе донесе во постапка определена со закон и кога од правни пречки не е можно водење на кривична постапка спрема сторителот на кривично дело. Според тоа, ние имаме законска обврска да ги продолжиме постапките за обезбедување докази за противправно прибавена имотна корист и да поведеме постапки за конфискација за имотната корист прибавена од кривични дела да не остане кај сторителите на овие дела и да се врати во буџетот на Република Македонија, односно на граѓаните на Република Македонија – изјави тогаш обвинителката на СЈО, Ленче Ристовска.

Од Специјалното обвинителство за „Алсат-М“ соопштиле дека било поднесено барање до судот за конфискација на имот на шест лица осомничени во „Транспортер“, меѓу кои и лица што беа помилувани од понатамошно кривичнo гонење од претседателот на државата, Ѓорге Иванов.

„Против шест лица е поднесен предлог за обезбедување имот. Меѓу нив и осомничени, но и лица кои беа помилувани од кривичен прогон. Вкупната вредност за која е утврдено дека е настаната штета изнесува 22.024.891 денар (околу 360.000 евра н.з.)“, велат од СЈО.

Во случајот „Транспортер“ осомничени се вкупно 22 лица. Од нив на двајца судот им одреди мерка куќен притвор, а на уште девет други им е ограничено движењето со одземање на пасошите, забрана да го напуштаат градот во кој живеат и со обврска да се јавуваат пред надлежен суд.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...