fbpx

„Шарената револуција“ денеска ќе бара департизација на МРТВ

-

Граѓанската иницијатива „Протестирам“ денеска ќе одржи протест во чиј фокус ќе биде работата и информирањето на јавниот сервис, односно „Македонска радио-телевизија“.

„Само информирани граѓан(к)и можат да носат информирани одлуки. Задача на „Македонска радио-телевизија“, како јавен радиодифузер, е да известува професионално и непристрасно за настаните. Меѓутоа, овој јавен сервис е отуѓен од народот и е слуга на партиските интереси на власта. Заедно со приватните режимски медиуми, МРТВ учествува во демонизирање на критиката и е комплетно посветена на промоција на корумпираниот режим на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ. Со пари на граѓаните креира розова слика за реалноста и го одржува режимот на власт“, стои во најавата на протестот.

Во соопштението се наведува дека протестот, традиционално, ќе почне во 18 часот, пред зградата на Специјалното јавно обвинителство, а оттаму ќе се маршира кон МРТВ.

„Ќе маршираме дотаму за да им порачаме дека тие се наш сервис и дека нивна задача е да работат професионално, а не партиски. Ќе им порачаме дека МРТВ е на граѓаните, од граѓаните и за граѓаните! Нема правда, нема мир!“, стои на крајот во соопштението.

За денеска најавени се протести на „Шарената револуција“ и во Кичево, Кочани, Битола и во Струмица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Кривични пријави за шестмина инспектори зашто не пломбирале „диви“ менувачници на Бит пазар

Против шест лица С.Б.(32), Ј.Р.(54), В.М.(47), Б.С.(46),С.С.(61) и Р.Б.(37), државни пазарни инсектори, се поднесени кривични пријави за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, информира Министерството за...