Граѓанската иницијатива „Протестирам“ денеска во 18 часот пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство ќе одржи протест, кој ќе биде посветен на смртта на Мартин Нешковски, односно ќе биде потсетување на ланскиот собир на истиот датум, кога полицијата насилно ги растури демонстрациите пред Владата.
„Денеска е 5 мај! Помина една година откако ја слушнавме вистината за убиството на Мартин. Поминаа речиси пет години од убиството. Режимот тогаш проба да сокрие убиство – не му успеа! Режимот пред една година тепаше и апсеше за да заплаши – не му успеа! Силата и бруталноста не се моќ. Тие се последното засолниште на немоќните. Тие се засолниште на тие што не успеале да бидат праведни, не успеале да им служат на граѓаните. На таа немоќ возвраќаме со нашата моќ – здруженоста, страста и трудот да донесеме подобро утре! Ќе нè има на улиците! Ќе бидеме бучни! Ќе бидеме пркосни! И секогаш ќе се спротивставуваме на полициската бруталност, како манифестација на режимот“, велат од „Протестирам“ во најавата за денешниот протест.
Денеска навршува и една година откако лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ја објави 29. „бомба“, во која беа опфатени снимки од телефонски разговори кои, според опозицијата, сведочат дека власта се обидела да ја скрие вистината за смртта на Мартин Нешковски.
Според опозицијата, на снимките се слуша како поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, признава дека „полицаецот Игор Спасов“ го извршил убиството, а не „физичкото лице Игор Спасов“ и дека поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, ја крие институционалната одговорност за ова убиство.
По објавувањето на „бомбата“, илјадници граѓани се собраа на спонтан протест пред Владата. Со извици „Убијци“, „Доста беше молк“, „Кого браните“, „Оставка“, „Ќе одговарате“ почна протестот, по што демонстрантите го пробија полицискиот кордон и се упатија кон Владата, каде специјални полициски единици го блокираа влезот за групата демонстранти да не може да влезе внатре.
Неколку часа по почнувањето на протестот, дојде и до посериозни судири со полицијата, која со штитовите ги туркаше демонстрантите, кои во бранови се обидуваа да ја потиснат кон Владата. По неколку часа, полицијата го растури протестот, бркајќи ги демонстрантите по булеварот Партизански одреди и низ помалите улички. За овој протест беа приведени 30 лица, а повредени беа 38 припадници на полицијата.
Протестите продолжија сè до 9 мај, кога во кумановско Диво Насеље безбедносните сили имаа акција против, според МВР, голема терористичка група, а во која загинаа осуммина и беа повредени повеќе од 30 полицајци.
Голем број корисници на социјалните мрежи денеска упатуваат повик за протест во 18 часот и потсетуваат на ланскиот протест на 5 мај и причините за неговото одржување.
Една година подоцна, тие изградија ограда околку влада, но од злоделата не можат да се оградат. Затоа денес сите на протест! #Протестирам
— Васиљ (@VlatkoVasilj) May 5, 2016
Полицијата употребила прекумерна сила за време на протестите против Владата на 5 мај, стои во извештајот на „Хјуман рајтс воч“,
— Girl With Mousy Hair (@kalakurnica) May 5, 2016
Ако денес избереш кафе наместо протест, јас стварно не знам како спиеш навечер. Плус, соучесник си на прикривање убиство.
— Александра (@filipova_a) May 5, 2016
Го убија Мартин и пробаа да го сокријат тоа, монструми, да не се заборави #протестирам
— Татјана (@tactralala) May 5, 2016
В Скопје негде,
кај в слана тивко венеше цвете
УБИЈА ДЕТЕ!#Протестирам pic.twitter.com/8AWfxQoypn— Калиси од Влада (@MajkaNaZmejovi) May 5, 2016
Не мораш да замисљуеш пошто се деси, у Македонија. Тија што беа одговорни останаја неказнети, а тија што го дигнаја гласот беа тепани!
— Мутен (@toVornottoV) May 5, 2016
Сите на улица!
18 часот пред СЈО!#Протестирам #ШаренаРеволуција pic.twitter.com/Bo44idterI— Скопјаниште (@darko_avr) May 5, 2016
честит 5 мај. ден на борбата на слободоумниот народ против вмро. #протестирам.
— Alek Kovach (@AlekKovach) May 4, 2016
воа размислување и делување не е напуштено. и ден денеска им сместуват на други.#протестирам pic.twitter.com/lfzi5B1XT3
— бојан (@b0stan) May 5, 2016
https://twitter.com/DoktorotStark/status/728142352611565568