„Шарената револуција“ порача: Избори во вакви услови не може да има

-

„Шарената револуција“ вечерва ја обои зградата на НИП „Нова Македонија“, во која се наоѓаат просториите на Државната изборна комисија. Тие порачаа дека во вакви услови, со ваков избирачки список, избори нема и не може да има.

Пред да почнат со боењето, демонстрантите облекоа кабаници и запалија сигнални факели за да ги заштитат бојачите од камерите на полицијата, кои и овојпат ги имаше на првиот и на вториот кат и ги снимаа демонстрантите.

Претходно, насобраните им понудија кабаници и на припадниците на полицискиот кордон, но тие ги одбија. Во заднина на бојадисувањето, на звучници се пуштаа дел од „бомбите“, кои беа поврзани со наводните изборни манипулации.

На протестот насобраните порачаа дека се пред ДИК за јасно и гласно да кажат оти избори во вакви услови не може да има.

„Оваа држава се наоѓа на земјината топка и не можеме да одиме на избори со ваков список. Повеќе од 300.000 лица се констатирани како сомнителни гласачи. Од нив само 80.000 теренски се проверуваа, а повеќе од половина од нив не беа најдени дома“, порачаа демонстрантите и прашаа како гласачите од Пустец добиле лични карти и колку ги има.

Протестот традиционално почна пред зградата на СЈО, а на демонстрантите им се приклучи и поранешниот евроамбасадор Ерван Фуере, кој исто така порача дека нема услови за одржување избори. Од пред СЈО, демонстрантите марширајќи покрај Собранието свртеа круг кон просториите на ДИК.

Протести  денеска се одржаа и во Куманово, Штип, Прилеп и во Крива Паланка.

Британска амбасада: Почеток на нова ера во односите меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија

Со потпишувањето на новото партнерство Влада со Влада, денес започнува нова ера во односите помеѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија, соопшти Британската амбасада во Скопје. Како што велат од таму, партнерството...

Зеленски разговарал со Сиљановска Давкова за самитот Украина – Југоисточна Европа во Одеса, не е јасно дали таа ќе учествува

Украина го подготвува четвртиот Самит „Украина – Југоисточна Европа“, кој годинава е планирано да се одржи во Одеса, Украина. За таа цел украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека разговарал со...

Македонија потпиша договор за економска соработка со Обединетото Кралство

На 22 мај 2025 година, во Лондон, вицепремиерот Александар Николоски, во име на Владата на Република Северна Македонија, го потпиша Договорот Влада со Влада за политичка и економска соработка со Обединетото...

Каја Калас утре во Скопје на средба со премиерот Мицкоски

Високата претставничка на Унијата, Каја Калас најави дека ќе се ангажира со владите во Србија, Косово и Македонија за нивниот пат кон ЕУ, а утре во Скопје ќе се сретне со...

Британска амбасада: Почеток на нова ера во односите меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија

Со потпишувањето на новото партнерство Влада со Влада, денес започнува нова ера во односите помеѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија, соопшти Британската амбасада во Скопје. Како што велат од...